Раст од 13,1 на БДП во вториот квартал од годинава

Од:

Стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) за второто тримесечје од 2021 година е 13,1, при што извозот на стоки и на услуги номинално се зголеми за 62,2 отсто, а увозот на стоки и на услуги се зголеми во номинален износ од 64,4 отсто.

Според проценетите податоци на Државниот завод за статистика, во второто тримесечје пораст е забележан во секторите Е, Ж и З – Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли; Транспорт и складирање; Објекти за сместување и сервисни дејности со храна од 46 отсто; Б, В, Г и Д – Рударство и вадење на камен; Преработувачка индустрија; Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација; Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината од 11,4 и Ѕ – Информации и комуникации од 5,7 отсто.

Финалната потрошувачка на домаќинствата вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во второто тримесечје номинално се зголеми за 14,9 отсто, а нејзиното учество во структурата на бруто-домашниот производ изнесува 70,2 отсто.

Би можело да ве интересира

Ангеловска-Бежоска: Поради родовата нееднаквост губиме околу 18% од БДП годишно

Орце Костов

БДП зголемен за 2,2 отсто соопшти Статистика

Народна банка: Нето надворешниот долг достигна 4,32 милијарди евра

Орце Костов

БДП со раст од 1,1 отсто во второто тримесечје од годинава

Невработеноста во првиот квартал од 2023 изнесува 13,3 проценти

Орце Костов

ЕБОР: Македонската економија годинава со раст од два отсто, а следната три проценти