Раст на прометот на индустријата и на домашниот и на странскиот пазар

Од:

Прометот во индустријата во март 2019 година во однос на март 2018 година бележи раст од 13,5 отсто, објави Државниот завод за статистика.

Според главните индустриски групи, вкупниот промет во индустријата во март 2019 година, во однос на март 2018 година, бележи пораст кај интермедијарни производи, освен енергија за 13.8 отсто, капитални производи за 21,3 отсто и нетрајни производи за широка потрошувачка за 2,5 отсто, додека опаѓање бележи кај трајни производи за широка потрошувачка за 3,1 отсто.

Прометот во индустријата, во март 2019 година, во однос на февруари 2019 година бележи раст од 12,9 отсто, додека во периодот јануари – март 2019 година, во однос на периодот јануари – март 2018 година раст од 11,9 отсто.

Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека на домашниот пазар прометот во индустријата има раст од 3,2 отсто.

Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на домашниот пазар во март 2019 година, во однос на март 2018 година, бележи пораст кај интермедијарни производи, освен енергија за 13 отсто и капитални производи за 25,9 отсто, додека опаѓање бележи кај трајни производи за широка потрошувачка за 4,4 отсто и нетрајни производи за широка потрошувачка за пет отсто.

Прометот во индустријата на домашниот пазар, во март 2019 година, во однос на февруари 2019 година, бележи раст од 18,7 отсто.

На странските пазари прометот во индустријата белеќи раст од 17 отсто. Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на странските пазари во март 2019 година, во однос на март 2018 година, бележи пораст кај интермедијарни производи, освен енергија за 13,5 отсто, капитални производи за 21,6 отсто и нетрајни производи за широка потрошувачка за 9,4 отсто, додека опаѓање бележи кај трајни производи за широка потрошувачка за 2,7 отсто.

Прометот во индустријата на странските пазари, во март 2019 година, во однос на февруари 2019 година, бележи раст од 11,6 отсто, додека во периодот јануари – март 2019 година, во однос на периодот јануари – март 2018 година 15,7 отсто.

Би можело да ве интересира

Почнува 40. МАКИНОВА 2019 и 17. ЕКОНОВА 2019

Ана Ололовска

Раст од 6,1 процент на индустриско производство во септември

Ана Ололовска

Повисоки цените на индустриските производи на домашниот пазар на годишно ниво

Прометот во индустријата намален на месечно, зголемен на годишно ниво

А1он

Презентација на резултати од Project Hub Импакт 2019 „Креирај, откри и придонеси“

Ана Ололовска

Зголемени продажните цени на производителите на индустриски производи

Ана Ололовска