Раст на индустриското производство во првиот квартал од 8,8 отсто

Од:

Индустриското производство во март годинава бележи раст од 7,5 проценти во однос на истиот месец лани, додека во периодот јануари – март 2019 година во однос на јануари – март 2018 е зголемено за 8,8 отсто, соопшти Државниот завод за статистика.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење камен во март 2019 година, во однос на март 2018 година, бележи пораст од 10,8 отсто, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 8,8, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација бележи опаѓање од 4,6 проценти.

Според Статистика, зголемувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство во секторите пијалаци, текстил, основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати, производи од гума, пластични маси и други неметални минерални производи, метали, електрична опрема, машини и уреди, моторни возила, приколки и полуприколки.

Според главните индустриски групи, производството бележи раст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 13,3 отсто и Капитални производи за 20,2 процента, додека опаѓање е евидентирано кај Енергија за 0,8 отсто, Трајни производи за широка потрошувачка за 11,1 и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1,2 процента.

Би можело да ве интересира

Зголемен бројот на работниците во индустријата

Пад на индустриското производство во јули

Горан Наумовски

Индустриското производство во март зголемено за 1.3 отсто

Горан Наумовски

Индустриското производство во февруари зголемено за еден отсто

Ана Ололовска

Раст од 4,7 проценти на индустриското производство во ноември годинава

Ана Ололовска

Белата куќа ќе мора да реагира на недостигот од чипови за американската индустрија

А1он