Раст на цената на златото

Од:

Светските цени на златото растат во фонот негативни прогнози за економијата во САД, покажуваат податоците од Њујоршката берза Комекс.

Јунските цени на златото пораснаа за речиси еден процент и се тргува за 1.773 долари за унца.

За време на тргувањата денеска цената порасна речиси до 1.775,8 долари, што е највисоко ниво од септември 2012 година.

Цената на златото расте откако првиот човек на Федералните резерви на САД (ФеД), Џером Пауел, изјави дека невработеноста во САД во вториот квартал на 2020 година може да се искачи до 25 проценти, а економијата и БДП да се намалат за 20 отсто.

– Резултатите ќе бидат многу лоши, ќе има голем пад на економската активност, голема невработеност, изјави Пауел денеска за Си-Би-Ес.

Тој во средата изјави дека „големината и темпото на економскиот пад се незабележани досега уште од Втората светска војна“. ФеД не исклучува и нов колапс на американските финансиски пазари.

Но, како што изјави Пауел денеска, економијата, можеби бавно, но ќе се обнови.

– Нашата економија беше силна само пред два месеца, одговоривме со робустни мерки. Одиме со бавна и постепена обнова во втората половина на 2020 годиа, која предвидувам да трае до крајот на 2021 година, кога американската економија ќе се врати во нормала, но и во многу посилна сосотојба, изјави тој.

Би можело да ве интересира

Скок на цената на нафтата, се намали вредноста на златото

Катерина Ѓуровски

Царинска управа: Запленето e злато што двајца патници се обиделе нелегално да го изнесат од државата

Резервите на злато во Србија се 38,5 тони, Македонија со 6,8 тони е втора во регионот

Орце Костов

Уапсени македонски и српски државјани во Солун, откриени над 21 килограм накит и злато во нивните возила

Русите во 2022 година купиле над 50 тони златни прачки

Горан Наумовски

Потврдено богато наоѓалиште на злато во источна Србија

А1он