Распределени се 30 милиони денари за 11 медиуми од Програмата за поддршка на печатените медиуми

Од:

Владата на Република Северна Македонија ја донесе Одлуката за одобрување средства од Буџетот за 2021 година за реализација на Програмата за поддршка за печатените медиуми која што се реализира по четврти пат и која е наменета за печатените медиуми од општ и информативен карактер.

Програмата за поддршка за печатените медиуми е покрената со цел да ја поттикне разновидноста на изворите за информирање како и да обезбеди одржливост на постоењето на овој традиционален вид на медиуми, наспроти брзо растечката дигитализација и во согласност со праксата која е присутна во многу земји и којашто е препорачана и поддржана од ОБСЕ и од меѓународните медиумски организации.

Постапката за избор на корисниците на средствата согласно програмата, ја спроведе Комисија формирана од страна на Генералниот секретаријат во чиј состав покрај претставници на надлежните институции, има и по еден претставник на Асоцијацијата за заштита на националните печатени медиуми во Македонија и еден претставник на Здружението на новинари на Македонија. Комисијата како и претходните години, донесе одлука врз основа на доставените барања и комплетната документација, согласно јасно дефинирани критериуми.

Од вкупно 11 пристигнати барања, одобрени се 11. Комисијата утврди дека сите барања имаат уредна и комплетна документација, и сите корисници на овие средства се печатени медиуми од општ информативен карактер кои објавуваат содржина насочена кон непрекинато информирање на јавноста за тековните политички, економски, социјални и културни прашања.

На овие 11 печатени медиуми им се распределени, согласно критериумите, 30 милиони денари, и со тоа се исплатени сите средства предвидени во Буџетот за 2021 година за поддршка на печатените медиуми. Во прилог следи табелата со финансиски показатели за секој медиум поединечно.

Висината на одобрената поддршка е утврдена врз основа на доставените фактури за календарската 2020 година, а е дефинирана со договор потпишан помеѓу Генералниот секретаријат и избраните корисници врз основа на Записник за евалуација и Извештај на одобрени барања.

Финансиска поддршка е доделена на оние печатени медиуми кои ги имаат исполнето сите обврски кон државата и кон вработените за 2020 година.

Согласно предвидениот буџет за 2021 година, на печатените медиуми на македонски јазик им се исплатени средства во висина од 40% за направените трошоци за печатење и дистрибуција, а на печатените медиуми кои се издаваат на јазиците на етничките заедници во висина од 50% за направените трошоци за печатење и дистрибуција.

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

Влада: Одлука за кадровското решение во ЦУК на наредната седница

Студентите и вработените на ФИНКИ на протест пред Владата

Зошто се одложува изборот на нов универзален снабдувач на струја за домаќинствата?

А1он

Тошковски за поништувањето на неговите наредби: Во влада се тотално неинформирани, како не им е срам

Орце Костов

Џафери за новите автомобили: Лизингот е поевтино решение, ако останат во Владата одржувањето ќе биде скапо

Орце Костов