Работното време на градинките ќе се прилагодува

Од:

Работното време на градинките ќе се прилагоди на потребите на родителите, најави министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски.

„Ќе има реорганизација соодветна на потребите на родителите од една страна и на капацитетите на детските градинки од друга. Голем дел од начинот на организација на работата на детските градинки не е променет повеќе од 30 години, а во изминатите години родителите одат и остануваат подоцна на работа, децата имаат поинакви потреби така што тоа е систем што ќе треба етапно да се реформира, но тоа ќе го направиме со поддршка на синдикатот“, истакна Ристовски.

Децата соодветно ќе бидат згрижени доколку нивните родители останат подоцна на работа, а не како досега за сите што ќе останат да ги чува една воспитувачка.

Министерот за труд и социјала најави реорганизација на установите кои згрижуваат деца.Тој ја негираше информацијата дека е донесена одлука за задолжително предучилишно образование со кое би биле опфатени децата од пет години, односно оние што одат во т.н. голема група во градинките.

„Тоа е само пилот анализа врз основа на чии податоци ќе се размисли дали ќе има пилотирање во неколку општини со имплеметација на ваква крупна реформа. Доколку одлучиме да пилотираме во таква форма, тогаш ќе бидат прашани и родителите и ќе се направат соодветни анализи“, нагласи Ристовски.

Би можело да ве интересира

Во Скопје речиси 50 отсто од децата се невакцинирани со ди-те-пер

Орце Костов

Здравствениот инспекторат ќе ги контролира вакциналните потврди за градинка, министерот ги прифати препораките

Катерина Ѓуровски

Инспекторатот ќе забрани невакцинирани деца во градинките кога ќе добие одлука од министерот

Орце Костов

Училиштата и градинките ќе плаќаат за 35 отсто поевтино парно, Регулаторот ги намали сметките

Орце Костов

Во градинките лани биле згрижени 35 932 деца

Ана Ололовска

Шкријељ: Се грижиме за најмладите, инвестираме во подобри услови и нови градинки