Работилница: Едукација на туристичките работници и промоција на понудата

Од:

Едукација на туристичките чинители, како и поставување на платформа за сеопфатна промоција преку онлајн, дигитален и печатен медиум за презентирање на туристичките потенцијали на нашата земја, беа претставени на денешната работилница за локална и регионална конкурентност во организација на Џебен водич – Скопје „In your pocket“.

Целта на проектот, кој е финансиран од ЕУ преку Инструментот за претпристапна помош ИПА 2, имплементиран од кабинетот на вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев и админстриран од Светска банка, е за зголемување на бројот на туристички посети на земјава.

Антонија Шишак, директор на Проектот за локална и регионална конкурентност (ПЛРК) нагласи дека за овој проект ЕУ обезбедила 18 милиони евра, и националниот придонес е во износ од 3,2 милиони евра, како и кофинансирање од страна на учесниците во потгрантовата шема во висина од околу 2,3 милиони евра.

– Најголемиот дел од средствата се наменети токму за потгрантовата шема во која интерес изразија голем број јавни установи, општини, невладиниот сектор, микро и малите претпријатија. Преку оваа компонента беа финансирани околу 50-тина проекти. Еден од проектите што е финансиран преку нашиот проект е и проектот на Џебен водич, со кој се таргетираат два од идентификуваните недостатоци во секторот туризам на територијата на нашата држава, а тоа се: недостиг од доволна едукација на вработените во секторот туризам, како и недоволната промоција на туристичката понуда и се она што нашата држава го нуди во овој сектор, рече Шишак.

Снежана Стефановска, координатор на проектот и раководител на Џебен водич (In your pocket) – Скопје изјави дека планирано е да се реализираат пет специјално дизајнирани работилници низ државата за едукација на сите туристичките чинители и институции за да се подобрат услугите/производите врз основа на сознанија за потребите на современиот турист.

– Работилниците се базирани на практични примери, како и на реални сознанија за потребите на современиот турист, а со цел да се да се зголемат вештините и знаењата на туристичките чинители во сите десет дестинации на нашата територија и се опфатени сите хотели, ресторани, музеи, оптшини и сите оние кои се директно вклучени во делувањето во туризмот. Втор сегмент на проектот е подобрување на ограничената туристичка промоција на Република Северна Македонија преку дигитална промоција преку Facebook и Instagram, а во тек е и изработка на професионален водич со наслов „The best of North Macedonia“ на македонски и англиски, кои би го презентирале туристичкиот потенцијал и би придонеле за зголемување на бројот туристи кои би ја одбрале нашата земја како нивна идна дестинација, нагласи Стефановска.

Нико Славниќ, консултант на работилницата и директор на „In your pocket“ брендот, кој како глобален водич покрива преку 250 дестинации во 34 земји, рече дека нашата земја има голем потенцијал во туризмот и дека само со меѓународна соработка може да се подигне нивото на туризмот и неразвиените земји да пораснат во успешни земји.

Би можело да ве интересира

Прогласени најдобрите дестинации во светот за ноќен живот

Предраг Петровиќ

„Руси доaѓајте, сметаме на вас“

Предраг Петровиќ

Туристичките капацитети за празниците исполнети до 80 отсто

Горан Наумовски

Јаневски поднесе оставка од функцијата директор на Агенцијата за туризам

Катерина Ѓуровски

Во земјава нема доволно кустоси, странски водичи раскажуваат поинаква историја за нашите локалитети

Катерина Ѓуровски

Продолжениот Велигденски викенд повеќе од половина ќе ги исполни сместувачките капацитети на охридското крајбрежје

Ана Ололовска