Рабоници ангажирани на пругата Куманово- Бељаковце бараат исплата на заостанатите плати за април и мај

Од:

Работници ангажирани за изведување на градежни активности за реконструкција на железничката пруга Куманово – Бељаковце, како дел од проектот за изградба на железничкиот Коридор 8, денеска изјавија дека не зеле плата за април и мај годинава и оти од почетокот на месецов немаат ниту здравствено осигурување.

Работниците се ангажирани преку приватна Агенција за – вработување за потребите на македонската подружница на Х.Ф.Вибе ГмбХ&Ко.КГ

Зоран Крстевски, ангажиран работник, изјави дека од први јуни немаат здравствено осигурување и оти платите не им се исплатени од април.

-Ова е еден капитален проект, не знам што е работа. Компаниите подизведувачи си ги собраа своите машини и си заминаа. Никој ништо не кажува. Ако не добиеме плата до понеделник, не знам што ќе правиме, рече Крстевски.

Неговиот колега Бобан Величковски вели дека не знаат како ќе продолжат со работа, а нагласи и дека не им се исплатени ниту часовите од прекувремена работа.

-Досега немаше проблеми, но со почнување на коронавирусот, се случи и ова, вели Величковски.

Одговорното лице од компанијата Х.Ф.Вибе ГмбХ&Ко.КГ изјави дека нема коментар за состојбата со работниците чиј што договор истекува во август годинава.

Од ЈП за железничка инфраструктура Железници на Република Северна Македонија велат дека за платите е задолжена компанијата Вибе како посебен правен субјект.

-Според информациите од надзорниот инженер, градежните работи се во тек, но со помал интензитет поради ситуацијата во која се наоѓа нашата држава, велат од ЈП за железничка инфраструктура Железници на Република Северна Македонија

Во Куманово од март годинава почнаа да се изведуваат градежните активности за изградба на втор столб од новиот патен надвозник на улицата „Ѓорче Петров“, како дел од проектот за реконструкција и обнова на железнички премини на пругата Куманово-Белљаковце. Реконструкцијата на оваа пруга во должина од 31 километар стартуваше во 2014 година. Таа е првата од трите делници за железничкото поврзување на државава со Бугарија.

Би можело да ве интересира

Ваучери за брак, слободен ден за роденден: Дефицитот од работници ги принуди фирмите да ги зголемат бонусите

Орце Костов

СДСМ: Поголеми плати во новиот мандат, 1.000 евра просечна и 600 евра минимална плата

Горан Наумовски

Железници добија нова помош за исплата на плати: Само советниците на директорот чинат 20.000 евра

Орце Костов

Работниците со ниски приходи ќе добијат 3.555 ваучери за туризам од 300 евра

Орце Костов

„Нема рецепти, упати, исплаќања од фондот, се ќе застане“ – вработените во ФЗОМ на штрајк ако им ги намалат платите

Нема смртност кај свињите кои се одгледуваат на фармата во која еден работник почина, а друг е во тешка состојба по труење со хемиска материја

Орце Костов