Првите работи врз Јужен поток ќе почнат на 7. декември

Од:

Првите работи врз Јужен поток ќе почнат на 7. декември на изградба на компресорска станица Рускаја во близина на градот Анапа во Краснодарската област на југ во Русија, изјави генералниот директор на компанијата Газпром Трансгас Краснодар, Игор Ткаченко.

Тој на состанок со гувернерот на Кубан, Александар Ткачев рече дека компресорската станица ќе биде најголема во светот и вкупниот обем на гас ќој ќе се транспортира ќе достигне до 63 милијарди кубни метри годишно што е 10 отсто од вкупната побарувачка на гас во Европа.

Во изградбата на Јужен поток преку кој ќе се транспортира руски гас во Европа под Црното Море, ќе бидат вложени околу 15,8 милијарди долари.

Би можело да ве интересира

Путин: Украина се уште добива пари од Русија за транзит на руски гас во Европа

Владата преговара со Американци кои треба да инсталираат гасни постројки во РЕК Битола

Орце Костов

Русите ќе градат голем објект на истокот на БиХ, во Република Српска

Унгарија потпиша нов енергетски договор со Русија

Молдавија повеќе не добива руски гас

ЕСМ за март ќе набави гас од Макпетрол по цена од 60,10 евра