Првата фабрика на „Тесла“ во Европа ќе биде во Германија

Од:

Автомобилската и електроенергетската компанија „Тесла“ соопшти дека во Берлин ќе биде отворена нивната прва фабрика во Европа.

Извршниот директор на оваа компанија Илон Маск изјави дека четвртата Гигафактори ќе биде во главниот рад на Германија, каде ќе изгради инженерски и дизајнерски центар.

– Сите знаат дека германскиот инженеринг е неверојатен и тоа е дел од причината зошто ќе ја лоцираме нашата фабрика токму во Германија“, изјави Маск синоќа, на церемонијата за доделување награди за автомобили во таа земја.

Според извор на Фајненшл тајмс, во Берлин Тесла ќе произведува два модела: нискобуџетниот Model 3 и Model Y, кој се уште не е во производство. Целта на компанијата е со производство да почне во 2021 година. Засега не е познато кога ќе почне изградбата на Гигафактори 4, ниту за колку време ќе биде готова. Третата Гигафактори, онаа во Шангај, била изградена за помалку од половина година. Во Кина, Тесла произведува возила Модел 3, наменети за внатрешниот пазар.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

Орце Костов

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

Орце Костов

Маск создаде ново чудо: Овој робот ќе прави работи опасни за луѓето

Предраг Петровиќ

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

Орце Костов

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

Орце Костов