Прв состанок на платформата „За татковината со љубов“ иницирана од вицепремиерот Битиќи

Од:

Политики што резонираат со потребите на реалниот сектор и на потребите на граѓаните како и наоѓање на системски решенија за решавање на проблемите се вредности по кои се водам при секојдневното донесување на одлуки. За да сме сигурни дека решенијата и политиките се одржливи и соодветни, сметам дека е од исклучителна важност тие да се донесени преку инклузивен процес на сите засегнати страни, потенцирал вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во своето воведно излагање на првиот состанок на Платформата „За татковината со љубов“.

Платформата е иницирана токму од Битиќи за поголема вклученост на експертската јавност и професионалците од сите економски сфери во носењето државните политики и отворање на вратата за сите добронамерници кои сакаат да придонесат за економскиот развој на земјата.

Битиќи посочил дека идејата на платформата е да се соберат најдобрите економски умови и преку заеднички влог да се креира иднината на земјата.

– Вредноста на инклузивноста и намерата за стратешко среднорочно и долгорочно планирање на економскиот развој е отсликана во платформата „За татковината со љубов“. Таа ќе претставува советодавно тело кое ќе служи за доброто на државата и ќе има за цел – економски развој, креирање на предвидлива бизнис клима и подобрување на животниот стандард на граѓаните. Преку оваа Платформа ќе се обединат и ќе дискутираат водечките економски експерти во земјава од повеќе различни области: макроекономија, јавни финансии, даноци, инвестиции, царина, претприемништво, човечки капитал, стратешко планирање и др. Оваа платформа ќе биде ризница на знаење и искуство од домашни експерти и истата нема да прави поделба по политичка, родова, етничка или било каква припадност, напротив ќе спојува, создава и движи напред во насока кон одржлив и стабилен економски развој, нагласил Битиќи.

Во ова неформално тело, како што информира Кабинетот на вицепремиерот Битиќи, поканети се да даваат мислења и да дискутираат и поранешни министри, универзитетски професори, економски експерти од граѓански организации и стопанственици, без разлика на нивната политичка наклонетост, родова или етничка припадност.

Би можело да ве интересира

Над 2.500 земјоделски и прехранбени производи се очекува да поевтинат со новиот закон за нефер трговски практики

Орце Костов

Работниците со ниски приходи ќе добијат 3.555 ваучери за туризам од 300 евра

Орце Костов

Субвенции за клими: За југозападна Македонија ваучери од 25.000 денари, за останатите 2000 помалку

Орце Костов

Путин: Русија ја престигна Германија и стана првата економија во Европа

Горан Наумовски

Николовски: Очекувам цена до 400 денари за тутун од прва класа и минимум за 20 отсто повисоки откупни цени за годинава

Секој граѓанин треба да плати за тоа што потрошил: Бектеши повика да се реши проблемот со струјата во Слупчане

Орце Костов