Прв конгрес на САДУ, ќе се бира нов претседател

Од:

Синдикатот за администрација и државна управа на Македонија при Конфедерацијата на слободни синдикати денеска го одржува првиот Конгрес на кој ќе биде избран нов претседател и ќе бидат упатени барања за зголемување на платите, за вклучување на синдикатот во изработка на законските решенија, како и порака против трансферот на вработени од јавниот во приватниот сектор.

– Првото и основно барање на Синдикатот е стоп за трансферот од јавен во приватен сектор што го имаме доставено и до МИОА и до Владата и до премиерот и до сите министерства. Втората, работа е дека законите коишто се изработуваат во моментов, како се законот за работни односи, законот за вработени во јавниот сектор, законот за административни службеници… треба да бидат активно вклучени во синдикатите и нашите барања да бидат преточени во тие закони за да се подобри атмосферата на вработените во јавниот сектор. Секако тука не изостануваат и нашите плати затоа што кажуваме дека платите во јавниот сектор се премногу мали, изјави претседателот на САДУ Благоја Ралповски.

Тој како пример посочи дека со новото покачување на минималната плата од 14.500 денари категориите Г според каталогот на работни места се израмнуваат три носители на дејност, а тоа, како што рече, се Г2, Г3 и Г4. Сите, според Ралповски, ќе земаат иста плата како и помошно-техничкиот персонал.

-Законското решение вели дека треба да се усогласат платите, но очигледно од Владата и од ресорното Министерство нема слух за тоа, додаде тој.

На денешниот Конгрес делегатите ќе имаат можност да изберат помеѓу двајца кандидати – постојниот претседател Ралповски и претседателот на правосудство при САДУ, Драган Јосевски.

-Заложбата на нашиот Синдикат на овој Конгрес треба да донесе едно поцврсто и порешително синдикално движење во иднина, заложба за еден подобар социјален дијалог, заложба за повеќе колективни договори затоа што сме свесни дека во овие изминати години многу ретко се случуваше тоа и многу ретко дека работодавачите го препознаваат Синдикатот како партнер со којшто треба да ги подобрат работните услови на вработените, а со тоа што треба да се подобрат и капацитетите на институциите, истакна Ралповски.

Тој посочува дека надлежните треба да ги согледаат проблемите во јавната админстрација и, како што вели, да го признаат она што синдикатот секогаш го посочува, а тоа е дека администрацијата ја организираат раководителите, избраните лица и оти тие треба да ја понесат целата одговорност.

Би можело да ве интересира

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ со поддршка за протестот на КСС пред Собрание

Горан Наумовски

КСС на протест пред Собрание поради носењето на Законот за административни службеници

Горан Наумовски

Владата воведува работно време од 72 часа во текот на една недела како пред 137 години – жестока реакција на синдикатите

Првомајски протестен марш на КСС: Лошата состојба на работниците и понатаму непроменета

Ана Ололовска

Првомајски протести на синдикатите: „Работниците се државата“

Ралповски: Да ги одземеме можностите за популизам со работничките права

Ана Ололовска