Протест на камионџиите: Со вклучени сирени низ центарот на Скопје го кренаа гласот против зголемената акциза на горивата

Од:

Со вклучени сирени во знак на револт, камионџиите излегоа на протест со своите товарни возила низ центарот на Скопје за да испратат порака до надлежните да се повлече одлуката за зголемувањето на акцизата за 3 денари на горивата. Воедно тие бараат и да се воведе прогресивно оданочување, што според нив ќе помогне да се спаси овој бизнис.

Протестот, како што најави организаторот од групацијата на транспортни превозници „Макамтранс“, е во согласност со препораките за заштита од коронавирусот.

Возачите на камионите се изолирани во своите возила, не застануваат по патот и се движат по определната маршрута од Скопски саем до Владата. По патот нема застанување и собирање на луѓе, а превозниците се движат по една лента за да не предизвикаат застој во сообраќајот.

Според организаторот на протестот излезени се околу 150 камионџии од целата држава. Велат, гласот го креваат поради тоа што поскапата акциза е погубна за фирмите кои и претходно биле на дополнителен удар.

Затоа тие предлагаат прогресивно оданочување за сите стопански субјекти и тоа 0,5 проценти данок на доход за фирмите кои имале добивка од 100.000 до 10.000.000 денари, 1% за тие со добивка од 10.000.001 до 200.000.000 денари и 2% данок на доход за сите кои оствариле добивка за 2019 година над 200.000.001 денари.

Би можело да ве интересира

Спречен обид за шверц на 50 тони дизел гориво декларирано како базно масло

Тетовец крадел гориво од автомобили

Енергетската криза предизвикана од војната во Украина го обнови интересот за нуклеарната енергија

А1он

Горивата во Црна Гора најевтини во регионот

А1он

Марин: Бевме наивни, мора што побрзо да се ослободиме од руските фосилни горива

А1он

Драстично зголемување на цената на горивата во Германија

А1он