Просечната плата во Македонија изнесува 340 евра

Од:

Просечната исплатена нето плата по вработен во август изнесува 20.965 денари што претставува зголемување од 0,3 проценти во однос на истиот месец минатата година.

Според податоците на Државниот завод за статистика, просечната бруто плата, пак, изнесува 30.777 денари. Таа е зголемена во споредба со август минатата година за 0,2 проценти.

Зголемувањето кај бруто и нето платата се должи, пред сé, на покачувањето на просечната исплатена нето-плата во секторите Стручни, научни и технички дејности, Земјоделство, шумарство и рибарство и Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација.

Во споредба со јули годинава, зголемување е забележано во секторите Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, Рударство и вадење камен и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна.

Во август годинава, 2,5 проценти од вработените не примиле плата.

Би можело да ве интересира

Џафери: Владата има обврска да спроведува закони, затоа ги усогласивме коефициентите за плата

Орце Костов

Синдикалната минимална кошница за март 58 998 денари, само за еден месец се зголеми за 1522 денари

Орце Костов

Ковачевски: Успеавме просечната плата да ја издигнеме на 40.000 денари

Отворена стечајна постапка за поранешно Фени: На работниците им должи 2,18 милиони евра за плати

Орце Костов

Околу 20.000 вработени не добиле плата за ноември лани

Бројот на вработени во ТИРЗ достигна 18.000, бруто платата надмина 60.000 денари

Орце Костов