Просечната каматна стапка во ноември 4,42 отсто

Од:

Трендот на намалување на просечната каматна стапка на вкупните кредити продолжи и во ноември. Се сведе на ниво од 4,42 отсто, а просечната каматна стапка на вкупните депозити изнесува 0,76 проценти, соопшти Народната банка.

Нето-надворешниот долг на крајот на третото тримесечје се намали за 64 милиони евра и изнесува 3,34 милијарди евра или 28,2 отсто од проектираниот БДП. Од аспект на структурата, и понатаму поголемо учество во вкупниот нето-долг има приватниот нето-долг со 59 проценти.

Бруто-надворешниот долг, на крајот на септември од 2021 година изнесува 9,87 милијарди евра или 83,5 отсто од проектираниот БДП и бележи квартално намалување од 300 милиони евра, додека бруто-надворешните побарувања, за истиот период, изнесуваат 6,53 милијарди евра или 55,3 отсто од проектираниот БДП и се намалија за 235 милиони евра.

-Во текот на третото тримесечје од 2021 година, негативната нето меѓународна инвестициска позиција (МИП) е намалена за 19 милиони евра и изнесува 7,1 милијарда евра (60,1 процент од проектираниот БДП за 2021 година). Од аспект на структурата на нето МИП, најголемиот дел, или 84 отсто, се нето-обврски врз основа на директни инвестиции, главно врз основа на сопственички капитал, информира Банката.

Позначајните промени кај надворешниот долг, надворешните побарувања и меѓународната инвестициска позиција може да се прочитаат на https://www.nbrm.mk/content/statistika/Soopstenija/ND%20NP%20MIP/2021/Soopstenie_Dolg_MIP_Kv.3_2021.pdf.

Би можело да ве интересира

Средби со Светска банка: Светска банка со поддршка на реформските активности на Народната банка за пристапување кон СЕПА

Девизните резерви на крајот на февруари 4,28 милијарди евра

Се одржа јубилејната 50. сесија на Клубот на истражувачите

Надворешниот долг е зголемен за 305 милиони евра во последните три месеци од 2023 година

Орце Костов

Просечната каматна стапка на вкупните кредити во јануари зголемена, кај депозитите намалување на месечно ниво

Девизните резрви на крајот на јануари 4,33 милијарди евра