Просечен Чех за Божиќ ќе потроши над 500 евра

Од:

Просечен Чех, годинава, за божиќните празници ќе потроши околу 560 евра и тоа околу половина од сумата за подароци, а половина за свечената трпеза, јави дописникот на МИА од Прага.

Според последните анкети, повеќето Чеси одвојуваат средства и за распродажбите по Божиќ и тоа над 160 евра.

-Генерално, во распродажбите мажите се подготвуваат да потрошат за околу 40 евра повеќе од жените. Луѓето на возраст од 45-59 години за попустите тргаат на страна дури до 250 евра. На младите, пак, до 30-годишна возраст и постарите од 60 години доволно им се 100 евра да испазарат по поевтини цени, објаснува банкарот Павел Зубек.

Традиционално, половина од анкетираните се изјасниле дека на распродажба главно се зантересирани за купување на облека и обувки, а другата половина од луѓето се заинтересирани за електроника.

Истражувањата покажуваат дека чешките граѓани се повеќе користат безготовинско плаќање. Годинава, со готови пари планираат да плаќаат три петтини од анкетираните, додека пред две години тоа го направиле четири петтини.

Од пред две години е зголемен и процентот на оние кои ќе плаќаат безготовински, со картичка и тоа од 40 проценти пред две години на 57 посто.

Со превод на банкарска сметка плаќаат 19 посто, во споредба со 25 проценти пред две години. Преку Пејпал или слични служби ќе плаќаат 13 проценти, а на плаќање преку мобилен е навикнат секој 20-ти Чех.

Би можело да ве интересира

Колку луѓе ја дочекаа Нова година на небото? Во моментот на пристигнување на 2024 летале 10.560 авиони

А1он

Ковачевски со новогодишна честитка: Среќна Нова 2024, можеме, знаеме и умееме да обезбедиме подобар живот за сите

А1он

Првото бебе во 2024 година е машко: Се роди точно на полноќ

А1он

Новата година веќе пристигна во Кирибати

Нема огномет на плоштад за Нова Година, Град Скопје ќе ги донира парите

Катерина Ѓуровски

За празниците ќе дежурaaт поликлиниките Јане Сандански, Чаир, Ченто, Шуто Оризари, Ѓорче Петров, Драчево и Бит Пазар