Промовирана интернет страница за Програмата за самовработување

Од:

Министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски, директорот на Агенцијата за вработување Влатко Поповски и помошникот на постојаниот претставник на УНДП во Македонија, Весна Џутеска Бишева денеска ја промовираа интернет страницата за Програмата за самовработување – www.samovrabotuvanje.mk,  со цел да се обезбеди целосен, транспарентен и подостапен начин за информирање на сите заинтересирани лица.

Според оперативниот план за активни програми и мерки за вработување за 2013 година, потенцираше министерот Ристовски, ќе бидат опфатени речиси 10 илјади невработени, за што Владата за поддршка има издвоено над половина милион денари. Програмата за самовработување, подвлече,  е една од најуспешните од 20-те различни годишни програми што се имплементираат и има реалено влијание врз стапката на невработеност.

Дел од тие програми или мерки, појасни Ристовски, претрпуваат извесни корекции заради резултатите што ги покажале односно за некои имало зголемен интерес и морало да се модифицираат соодветно на побарувачката. Но, имало и мерки кои се покажале нецелосно интересни за невработени.

– После 7 години имплементација на оваа програма имаме над 4.900 новоформирани мали бизниси, 72 проценти ликвидни фирми. Интересот за програмата е се поголем така што во првиот циклус годинава се пријавија околу 2.000 кандидати и во тек се деловните обуки за околу 700 селектирани кандидати, рече на денешната прес – конференција Ристовски. Тој потсети дека досега со оперативните планови за активни програми и мерки за самовработување се опфатени околу 60 илјади лица.

Најголем интерес, информираше директорот на Агенцијата за вработување Поповски, во првите години било во полето на земјоделството, подоцна услуги, трговија, додека минатата година интересот бил најголем за производство.

Годинава, истакна, повторно најголемиот интерес за бизнис идеите е во малостопанското производство, со нови технологии кои ќе се применуваат. Тој меѓу другото информира дека наредниот оглас од Програмата за самовработување е на 16.мај и ќе трае 10 работни дена и ќе може секој да аплицира.

Помошникот на постојаниот претставник на УНДП во Македонија, Џутеска Бишева информираше дека од вкупниот број лица кои основале мали бизниси, секој четврт бизнис обезбедил вработување и за трети лица. Во Програмата за самовработување околу 25 проценти од малите бизниси се формирани од млади лица до 27 години, од кои околу 55 проценти од лица со стекнато средно, а 10 проценти од лица со основно образование. Во овие години од реализацијата на Програмата, 37 проценти од бизнисите се формирани од жени.

Би можело да ве интересира

Голем интерес за сезонска работа: Рекорден број на агенции за вработување странци во Хрватска

А1он

Османи: Сестра ми работи во М-НАВ веќе 15 години, за критериумите прашајте ги таму

Влада: Над 4.800 нови работни места во ТИРЗ за три години, во октомври рекордно 17.769 вработени граѓани

Новиот поткаст: „Што го врти светот?“ со Јована, почнува денеска во 20 часот

На граѓаните не им се работи во „Бехтел и Енка“: Стигнале само 360 апликации за 2.000 работни места

Орце Костов

Груби ги кани невработените да се запознаат со работата на „Бехтел и Енка“, а тие уште не почнале да градат

Орце Костов