Пролетни средби на ММФ и Светската банка: Мерките на НБ придонесоа за јакнење на стабилноста на банкарскиот систем и на кредитирањето

Од:

Одлуките и мерките на Народната банка донесени од почнувањето на корона-кризата наваму се позитивно оценети на Пролетните средби на ММФ и Светската банка, коишто се одржуваат виртуелно.

На состанокот помеѓу гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска и дел од тимот на Народната банка со тимот на Одделот за монетарни и финансиски пазари на ММФ, тие беа подетално разгледани. Притоа, од тимот на Одделот на ММФ беше истакнато дека одлуките и мерките на Народната банка во целост се во согласност со очекувањата и насоките на ММФ.

На состанокот, како што соопшти Кабинетот на гувернерот, беше истакнато дека одлуките и мерките придонесоа за задржување на финансиската стабилност, а истовремено и за обезбедување значителна кредитна поддршка за граѓаните и компаниите. Притоа беше напоменато дека влогот на Народната банка за финансиската стабилност е очигледен, особено преку стабилноста и отпорноста на банкарскиот сектор, којшто претставува најголем дел од финансискиот систем.

За дел од мерките на Народната банка од изминатиот период беше посочено дека значително придонесоа и за подобрени услови за кредитна поддршка од банките.

-Сега, каматите на кредитите во нашиот банкарски систем се едни од најниските во регионот, што како што беше нагласено на состанокот, е особено важно во текот на ваквата криза. Соговорниците разговараа и за тоа дека може да се очекува и натамошно намалување на цената на кредитите на банките, по последното намалување на основната каматна стапка на Народната банка, што ќе придонесе за натамошната поддршка на граѓаните и компаниите и економијата во целина, се вели во соопштението.

Со тимот на Одделот за монетарни и финансиски пазари на ММФ се разговараше и за регулаторните измени коишто ги направи Народната банка со цел да се овозможи привремено олеснување на финансискиот товар за корисниците на кредити коишто се погодени од пандемијата. Притоа, беше посочено дека со измените се придонесе за одложување на отплатата на 44 отсто од кредитите, што е значително повисоко од просекот во ЕУ.

Би можело да ве интересира

Средби со Светска банка: Светска банка со поддршка на реформските активности на Народната банка за пристапување кон СЕПА

Прво намалување на цените на становите после четири години раст

Орце Костов

Се одржа јубилејната 50. сесија на Клубот на истражувачите

НБ: Инфлацијата се намалува, економскиот раст под проектираниот

Горан Наумовски

Граѓаните ќе можат бесплатно да проверат колку се кредитно изложени: Нова алатка на Народна банка

Орце Костов

МФ: ММФ го објави извештајот од Мисијата за член IV и ПЛЛ – Економијата зајакнува поттикната од јавните инвестиции, инфлацијата се намалува, се остваруваат фискалните цели