Програмата за економски реформи ќе содржи мерки за зелена економија и намалување на сивата економија

Од:

Во Програмата за економски реформи 2022-2024 ќе бидат вградени мерки насочени кон зелената и дигитална транзиција, подобрувањето на деловното опкружување и намалувањето на неформалната економија.

Предложените мерки произлегуваат од препораките кои се дел од усвоените заклучоци на годинашниот Дијалог за економски политики одржан во јули годинава со претставници на земјите членки на ЕУ, Западен Балкан и Турција, како и Оценката на ЕК за Програмата на економски реформи 2021 – 2023.

– Се дадоа препораки за подобрување на првиот нацрт текст на предлог реформските мерки. Тие во наредниот период ќе бидат разгледувани во рамки на советодавната мисија на ЕК и дадени на консултации со јавноста. Ова е континуиран процес, кој се спроведува заедно со ЕУ и претставува подготовка за учество во процесот на економски и фискален надзор на државите членки на ЕУ со цел спроведување на клучните реформски процеси во земјава, коишто ќе го интензивираат дијалогот со ЕУ, велат од Министерството за финансии.

Целокупниот процес на подготовка на документот го координира Министерството за финансии со учество на релевантните државни институции. Програмата треба да биде доставена до ЕК најдоцна до 31 јануари следната година.

На денешниот втор состанок, одржан во рамки на процесот на подготовка на Програмата, присуствувале министерот за финансии Фатмир Бесими, вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, министерката за образование и наука Мила Царовска, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски и членовите на меѓуресорската Работна група за подготовка на Програмата на економски реформи 2022 – 2024.

Би можело да ве интересира

МФ: Заокружена финансиската конструкција за изградба на Гасниот интерконектор со Грција, обезбедени 98,6 милиони од ЕБОР

МФ: Се проширува поддршката од Трезорот на САД – Нов Договор за зајакнување на капацитетите за надзор над небанкарскиот финансиски сектор

МФ: Конзистентноста во политиките, напорите за фискална консолидација и економски раст потврдени од „Стандард и Пурс“, задржан кредитниот рејтинг

УПОЗ ги повика Кацарска и Бесими да најдат решение за платите за вработените во Финансии

Деаноски: Доколку Уставниот суд одлучи да се запре надополнувањето на платите за 30 отсто на вработените во МФ, постои опасност од затворање на трезорот

Членови на УПОЗ на протест за времената мерка со која им се запре исплатата на зголемувањето за 30 отсто на платите

Катерина Ѓуровски