Проектот Сончев Град во Сопиште ќе почне да се гради од наредната година

Од:

Проектот Сончев Град во Сопиште ќе почне да се гради од наредната година, пренесува Фактор.

Ќе има три типа на објекти. Домување во станбени куќи за кои минималната површина на градежната парцела изнесува 500 метри квадратни, домување во станбени куќи, што ги опфаќа сите видови куќи со дворови, како што се самостојни, двокуќи, куќи во низови, атриумски куќи и други, а и исто така, предвидена е и изградба на станбени згради каде се опфатени сите видови на згради. Вкупната површина на населбата ќе биде 84.000 квадратни метри, а во неа ќе можат да живеат околу 6.000 луѓе.

Во планот е предвидено и заштитно зеленило во кое спаѓаат уредени зелени површини чија основна намена е да ги изолираат зоните со инкомпатибилни намени и имаат улоги на тампон зони. Ќе има портски терени, градинка, паркови.

Освен Сончев Град, на истиот потег се најави изградба на уште три други населби од таков тип.
Министерот Јанакиески за Фактор вели дека се работи за дополнително земјиште сопственост на Република Македонија кое се граничи со границите на населбата Сончев град.

„Очекувам и на овие површини да се градат нови населби. Во иднина овие проекти ќе ги развиваме во соработка со општината Сопиште“, изјави Јанакиески.

Се очекува изградбата на Сончев Град уште повеќе да ја зголеми атрактивноста на локациите во околината, односно во Сопиште и Соње. Со тоа се очекува во овој дел да продолжи ценовниот раст на земјиштето, а особено на градежните парцели.

Сега парцелите во Сопиште се движат околу 50 евра за метар квадратен, а од 20 до 30 евра се продаваат парцели во населбата Соње, велат од агенциите за недвижности, од каде што додаваат дека постојано има интерес за градби во овој дел од градот.

Џеваир холдинг на лицитација го купи земјиштето за изградба на Сончев град за околу 1,8 милиони евра.

Би можело да ве интересира

За изградениот но забранет пат за Сончев Град ќе се менува Законот за градење

Маја Илиевска-Пачемска

СДСМ: Проектот Сончев Град на Груевски зад себе остави само милионски штети врз Буџетот и уништено зеленило на Водно

Наум Локоски

(ВИДЕО) Јанакиески: Постапката за Сончев град е законска, СЈО спроведува хајка против ВМРО-ДПМНЕ

Vlatko

Изградба на инфраструктура за населбата „Сончев град“

Ана Ололовска

Почнува изградба на регионален пат за населбата Сончев Град

Ана Ололовска

1 comment

RYTT 03/08/2013 - 19:46 at 19:46

Оставив коментар на сите весници и телевизии уште на вас останува дали ќе го објавите коментарот.Никој до сега нема објавено мој коментар во врска со сопиште!
Имено градоначалникот е од ВМРО и претходниот бече исто така.Урбаната мафија дали има удел кај нас незнам , но доста згради и куќи се имаат направено.До сега секој ден се изнесуваат на дневниците така наречени розеви вести односно само убавите работи се спомнуваат за информирање, а тоа дека сопиште нема цело лето вода тоа е приказна локално помегу нас селаните. ЗА ТОА ЈАВНОСТА НЕ СМЕЕ ДА ЗНАЕ.Многу ми е жал не сум политизиран но не сакам некои гарнитури да мислат дека во македонија живеат слепци и дека народот не гледа ништо.Поготово тоа што се прави со медиумите. А1 можеби имала големи долгови но како информативна куќа работеше НАЈПРОФЕСИОНАЛНО.Денеска медиумите говорат за нивната либералност и неполитизираност но ниеден медиум не дојде во општтина сопиште кога беше најавен протест за недостиг на вода а за сончевиот град сите се нацртаа.
Од кога згасна А1 НЕМА МЕДИУМ КОЈ ШТО РАБОТИ ЗА НАРОДОТ, СИТЕ МЕДИУМИ СЕ ЗА ДА ЈА СЛИКААТ ВЛАСТА

Reply

Leave a Comment

10 − three =