Проектирани 1,9 милијарди евра за „ГАМА“, решението до крајот на годината

Од:

Со ребалансот на Буџетот се проектирани околу 1,9 милијарда евра за „ГАМА“. Постапката на договарање со „Макпетрол“ се уште трае, а решението се очекува до крајот на годината, соопшти денеска премиерот Зоран Заев.

Одговорајќи на новинарски прашања на прес-конференција во Владата, Заев нагласи дека државата ќе стане сто отсто сопственик на целиот гасоводен систем.

-Правиме ребаланс на буџетот, ребалансот мора да ги проектира ваквите средства. Се уште трае постапката на договарање со „Гама“, односно со „Макпетрол“. Знам дека се надминати работите, тоа со Правобранителството е конечно одлучено, правно постапките се завршени, се прават конечните проценки со Заводот за судско вештачење. Формирано е „ГАМА“ со основачки капитал, една акција на државата, една на „Макпетрол“. Вредноста на „ГАМА“ е јасно утврдена и колку се инвестирало плус. Со законско решение ќе настапиме во Парламентот за ваквата одлука. Но, кога го правиме ребалансот, ние мислеме дека до крајот на годината ќе можеме тоа да го решиме, објасни премиерот.

Според него, не може некој да биде и снабдувач, и дистрибутер.

-Уште еднаш да напоменам, државата ќе стане сто отсто сопственик на целиот гасоводниот систем. „МЕР“ и „ГАМА“ ќе ги споиме. Автоматски ги решаваме крупните прашања кои ни се обврска согласно Европската енертетска заеница, но и според Законот за енергетика од мај 2018 година. Во едно такво решение ќе може конечно нациналниот оператор, дистрибутер, „МЕР“ да стане единствен сопственик и да ги добие лиценците кои веќе ги има „ГАМА“ или да аплицира за свои и да пушти гас во тоа што е изградено, до Штип, Велес, Прилеп, Скопје, Тетово, Гостивар,…… но, и да го продлжиме проектот со интерконекторот со Грција каде се конектираме на ТАВ. Тоа ни е обврска по Европската енертетска заеница. Не може некој да биде ем снабдувач, ем дистрибутер. Проценките се јасни колку вреди „ГАМА“, ние сме испроектирале отприлика 1,9 милијарда евра, напомена Заев.

Би можело да ве интересира

Голем интерес за тендерот за гасоводот Грција – Македонија

Орце Костов

МФ: Усвоен Буџетот за 2024 во Собранието, носи инвестиции, развој и одржливост

Пренџов: 20 години ДУИ ги поддржува сите буџети на државата, пари за автопати, мостови и граѓаните нема, ама за бизнисите на челниците на ДУИ има

Горан Наумовски

Собранието го донесе Буџетот за 2024 година

Горан Наумовски

Втор ден општа расправа по Дополнетиот предлог буџет за 2024 година

Воздухот енормно загаден, а пратениците одбиваат амандмани за Буџетот со кои ќе се намали аерозагадувањето

Орце Костов