Продолжува расправата за ребалансот на Буџетот, седници на уште две комисии

Од:

Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска ја продолжува расправата за Предлог измените и дополнувањата на Буџетот. Членовите на Комисијата четврти ден ќе расправаат за ребалансот на Буџетот.

Во Собранието денеска седници ќе одржат и комисиите за култура и за труд и социјална политика.

На дневен ред на Комисијата за култура се Предлог законот за дополнување на Законот за аудиовизуелни добра, во второ читање, како и Извештај на Работната група на Комисијата за посетата на институциите од областа на културата.

Комисијата за труд и социјална политика ќе расправа за измените и дополнувањата на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, во второ читање.

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

МЗШВ: Собранието го донесе новиот закон за вино, лозарите добиваат гарантирана откупна цена на винското грозје

Нов парламентарен состав до 28 мај

Катерина Ѓуровски

Зошто се одложува изборот на нов универзален снабдувач на струја за домаќинствата?

А1он

Последната седница на овој парламентарен состав ќе се одржи до крајот на месецов

Не е донесен Законот за игри на среќа, постапката заврши

Катерина Ѓуровски