Продолжи откупот на тутун, земјоделците и натаму незадоволни

Од:

Откупот на тутунот продолжува, но според производителите, проблемите не се надминати. Според нив, проценката на родот и натаму не е реална.

– По потпишаниот Договор од петокот, денеска очекувавме дека ќе се подобрат работите. Се случи неочекуваното, и горе-долу останаа истите проблеми на теренот. Некој е задоволен, но мнозинството се незадоволни. Затоа, ги замолуваме и ги охрабруваме тутунопроизводителите да оставаат кутии тутун за Второстепената комисија, секој кој смета дека му се цени тутунот нереално. Имаме најава, а тоа го кажа министерот Хоџа на состанокот во петокот, дека секој што ќе остави тутун за второстепена комисија, ќе се цени класа погоре. Само на таков начин може да извршиме притисок врз компаниите реално да прават проценка, изјави Игор Мирчески од Иницијативниот одбор на „Група македонски тутунари

Мирчески најави дека во четврток ќе имаат средба со премиерот Зоран Заев.

Според претседателот на Сојузот на земјоделските здруженија на Македонија, Менде Стомнароски, тутунарите ја имаат поддршката од Сојузот . Тој ги повика поверениците да ја работат работатата за која се платени.

-Секоја нереално проценета кутија тутун, да биде тргната настрана, за Второстепената комисија. Доколку не сакаат, да биде повикан Земјоделскиот инспекторат, рече Стомнароски.

Би можело да ве интересира

Бектеши: За уште 35 денари се зголемува откупната цена на тутунот, носиме одлуки во интерес на тутунарите

Талески: Ново зголемување на откупата цена на тутунот за 35 денари, досега имаме просечна цена од 365 денари

Николовски: Тутунарите утре добиваат анекси на договорите, со зголемена цена од 365 денари на целокупната предадена количина тутун

Земјоделски инспекторат: Тутунарите да не прифаќаат усни најави, откупувачите да испратат писмени анекси за зголемени откупни цени на тутунот

За тутунарите дополнителни 20 – 30 денари субвенција, а од 2024 година и „зелена нафта“, како и 6.000 денари поддршка за хектар површина

Станкоски: Откупните фирми може да ги зголемат цените со анекс, а не да ги условуваат тутунарите