Прилеп ќе бара решение за недостигот од работна сила во стопанството

Од:

Прилеп ќе анализира и ќе бара решение за недостиогот од работна сила во стопанството, беше констатирано на денешната прва седница на Економскиот совет за годинава.

Според Ирена Јакимоска, претседател на Регионалната комора тоа е најголемиот проблем за стопанството при контрадикторна ситуација кога во Агенцијата за вработување има 6.964 активни баратели на работа. Комората почна да ги интервјуира за да дознае зошто се одбива работна позиција.

– Ова е проблем со кој прилепското стопанство се соочува подолг временски период. Немаме реална претстава која е понудата и побарувачката на пазарот на трудот. Регионалната канцеларија се обрати до Агенцијата за вработување за да го дознае бројот на активните баратели на работа. Имено, бројката е 6.964 активни баратели на пазарот на трудот, а од друга страна стопанството се соочува со неможност да најде работна рака. Се наоѓа само мал број. Тие активно се пријавуваат секој месец во Агенцијата, што значи дека се во земјава. Во моментов правиме интервјуа со нив за да дознаеме зошто и покрај тоа што им се нуди работна позиција, немаат интерес да го реализираат своето право на работен однос, објасни Јакимоска.

Клучно и најбитно во моментов е, додаде, да се прочешла списокот, за да се види реалната состојба – колкава е побарувачката на работната сила во нашиот град и која е понудата. Потоа ќе спроведеме конкретни мерки за надминување за недостатокот од работна сила што ќе ни биде потребна во наредниот период од пет години за да се реализираат бизнис плановите на стопанството.

Регионалната стопанска комора почна да ги собира и да ги анализира потребите на прилепското стопанство и со Агенцијата за вработување, напоредно работи за прочистувањето на списокот на баратели на работа.

Комората ја поздравува законската регулатива со која од 1 семтември годинава доколку еден активен барател на работа одбие два пати понудена одредена работна позиција, го губи правото на социјална помош.

-Таа мерка е за поздравување зашто време е сите заедно: синдикатот, стопанството, инспекторатот, Фондот за здравство да ја ревидираме ситуацијата и да видиме со каква работна сила располагаме и да направиме работна нација, изјави Јакимоска.

Прилепскиот градоначалник Илија Јованоски за барањето на невладината „Достоинствен работник“ која неодамна излезе со анализите за состојбата на текстилните работници, да се формира локален Економско-социјален совет, посочи дека во општината има механизми за решавање на социјалните проблеми, но тоа, сепак е работа на владиниот економско-социјален совет.

-Сме разговарале дали да се оформи Економско-социјален совет. Ништо не менува со овој Економски совет да разговараме за социјални проблеми и да ги решаваме. Во смисла, пак, на вклучување на синдикатот, тоа ќе биде како општината да е посредник помеѓу работниците и работодавците. Економско-социјален совет има Владата и тоа е многу посоодветно, рече Јованоски.

На денешниот прв состанок на Економскиот совет на Прилеп за годинава, Јованоски нагалси дека се третираат повеќе теми.

-Имаме теми за овој состанок. Разговараме за проблемите во стопанството. Ќе разговараме за регулациските и за деталните урбанистички планови, за спортот, односно за фудбалот и ракометот во градот. Локалната самопуправа пред стопанствениците ги презентираше сите проекти кои се во тек, со посебен акцент на изградбата на Градскиот стадион кој е во завршната фаза на градба и ќе заврши до крајот на градежната сезона. Ако е се според планот, се надевам дека на 3 ноември ќе гледаме фудбалски натпревар на новиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп, изјави Јованоски.

Би можело да ве интересира

Во прекин сообраќајот на патот Прилеп – Градско поради сообраќајка

Жена од Прилеп се заканувала дека ќе запали кафеана

Горан Наумовски

Одрон на патот Прилеп – Витолишта, сообраќајот се одвива отежнато

А1он

Барање за подготвителна постапка против малолетник за убиството на дете во Прилеп

Детали за вчерашното убиство во Прилеп: Уапсени се малолетник и 21-годишно момче

Горан Наумовски

Свирепо убиство во Прилеп: Младо момче избодено до смрт

Катерина Ѓуровски