Приход над илјада евра да се оданочува со 18 отсто, предлага МФ

Од:

Во април, како што беше најавено, ќе почне дебатата за воведување прогресивно оданочување.

Како што рече денеска министерот за финансии Драган Тевдовски, се предлага за приход до илјада евра персоналниот данок на доход да остане ист, 10 отсто, додека за секој приход остварен над границата од илјада евра данокот да биде 18 проценти, а такви се околу два отсто од граѓаните во Македонија.

– Ова е првичниот предлог на Министерството за финансии што ќе биде ставен на јавна дебата. Предлогот е преточен и во предлог-законското решение кое ќе биде ставено на ЕНЕР за да можат граѓаните да го видат и да дадат свои предлози, сугестии и мислења, истакна Тевдовски на форумот „Македонската економија меѓу визија и дилема“.

Според него, искуство со воведување прогресивен данок или, како што го нарече Тевдовски праведно оданочување, има Албанија која стапките на персонален данок ги зголеми на 13 и 23 отсто, а притоа не ја изгуби конкурентноста.

Во овој контекст, вицепремиерот Кочо Анѓушев рече дека мора да се направат длабински анализи зашто ако прениско се спушти прагот над кој би се променила даночната стапка, може да биде дестимулативно.

Би можело да ве интересира

Вработени во МФ бараат исплата на додатокот на плата од 30 отсто

Протести и штрајкови најави Синдикатот на Министерство за финансии при УПОЗ ако не се потпише колективен договор

Горан Наумовски

МФ: Новата ПЕР 2024-2026 усвоена од Владата, поставена основа за нашата Реформска агенда за Планот за раст на Западен Балкан

Не смее да се вработува освен за испразнето место, но фалат луѓе во администрација вели Бесими

Анита Петровска Рајковиќ

Од јануари нема да се чека согласност од Финансии за вработување во администрација

МФ: За справување со кризата над 250 милиони евра со поволни услови од ЕУ, КфВ, СБ и Фондот при ОПЕК