Преземени конкретни мерки околу пласманот на праските

Од:

Преземени се конкретни мерки околу пласманот на годинашниов род праски во Росоманско, како регион во кој се произведуваат најголеми количини од ова овошје во Македонија, информираше градоначалникот на Росоман Бранко Јанев, кој соопшти дека деновиве имале средба со поголемите откупувачи во врска со годинашнава берба и пласман на праските.

– На средбата беше присутна и Ленче Николовска, советник во кабинетот на премиерот Зоран Заев. Факт е дека години наназад се соочувавме со проблемот на пласман и исплата на родот. Беше разговарано за изнаоѓање решенија, финансиска поддршка преку кредити или некој друг начин за откупувачите да бидат посигурни кога ќе влезат во откупот, а истовремено, сигурноста да е поголема и за производителите, околу исплатата, појасни градоначалникот.

Јанев изрази надеж дека годинашнава берба на праски ќе помине без проблеми при пласманот и откупот на родот.

Би можело да ве интересира

Оризари од Кочанско го блокираа патот кон Штип, бараат субвенции за предадената арпа

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Димковски: Секогаш сме тука за лозарите

Ана Ололовска

Димковски: Ќе видиме како одат цените, па ќе одлучиме за евентуална интервенција

Ана Ололовска

СДСМ: Успешните аграрни политики донесоа повисоки откупни цени

Ана Ололовска

Почвата дехидрирана, да се интервенира со наводнување

А1он

(ВИДЕО) Прентовиќ: 55.000 земјоделци добиваат 30 отсто поевтина нафта

Ана Ололовска