Превезени 1,3 милиони патници за 11 месеци на скопскиот и охридскиот аеродром

Од:

Меѓународниот Аеродром Скопје и аеродромот Св. Апостол Павле Охрид опслужиja 1,3 милиони (1.256.263) патници во периодот јануари-ноември годинава, што е зголемување од 71 процент во однос на истиот период лани. Тоа, според раководството на аеродромскиот концесионер, укажува на први знаци на закрепнување на патничкиот сообраќај, по негативното влијание на КОВИД-19 врз воздухопловниот сектор. Истовремено, во 11-те месеци од 2021 година, на двата македонски аеродрома се опслужени 13.679 летови, што е 63 отсто повеќе во споредба со 2020 година.

-Оваа година ги бележиме првите солидни знаци на закрепнување на патничкиот сообраќај на скопскиот и охридскиот аеродром, по негативното влијание предизвикано од КОВИД-19 врз воздухопловниот сектор уште од почетокот на пандемијата во 2020 година. Позитивниот патувачки тренд, креиран од жедта на луѓето за авионски патувања и нивниот ентузијазам да се вратат на нормалните патувања што ги имаа пред КОВИД-19, особено се почувствува во летните месеци од 2021 година кога привремено беа укинати ограничувањата за патување во ЕУ за носителите на македонски пасоши, а потоа се олеснија со сертификатите за вакцинација како услов за туристички патувања за повеќето земји, изјави деенска Метин Батак, генерален директор на ТАВ Македонија.

Сепак, посочува, пред нас има многу предизвици, бидејќи авиосообраќајот и натаму многу ќе зависи од рестрикциите за патување со авион наложени од различни држави, додека аеродромите, патниците и авиокомпаниите ќе се обидуваат да се приспособуваат на честите измени на правилата врз основа на различните национални здравствени политики.

Иако моменталниот тренд е во пораст и двата македонски аеродрома бележат зголемување во однос на бројот на патници од 71 процент споредено со 2020 година, нивото на патнички сообраќај сѐ уште е – 49 проценти, додека нивото на бројот на летови е – 32 проценти, споредено со бројките постигнати во истиот период во 2019 година, којашто се смета за референтна година во воздухопловството.

Батак нагласи дека закрепнувањето на македонскиот воздухопловен пазар треба да се движи во рамки на прогнозите на Меѓународниот совет на аеродроми (ACI) за движењето на авиосообраќајот на светско ниво, чиешто оптимистичко сценарио проектира дека годинава ќе се заврши со – 56 проценти од сообраќајот во 2019 година, додека во 2022 година авиосообраќајот на светско ниво ќе биде на ниво од – 23 проценти од 2019.

-Како брзорастечки и пазар во развој, каков што беа македонските аеродроми пред кризата, може да се вратиме блиску до старите нивоа малку побрзо од развиените воздухопловни пазари на ЕУ, бидејќи нашиот сообраќај е главно нискобуџетен, додека авиосообраќајот на развиените пазари на ЕУ го засноваат врз традиционални авиопревозници. Меѓутоа, фактот дека повеќе од 70 проценти од нашиот вкупен авиосообраќај е сконцентриран на европските пазари и нивните правила за авионски патувања за македонските граѓани се менуваат многу често, ние секогаш сме во состојба на подготвеност, за да можеме брзо да реагираме и да се приспособиме. Брзината, односно динамиката на закрепнувањето на авиосообраќајот ќе биде подложна на сите нови бранови на пандемијата, особено што сега аеродромите се подготвуваат за влијанието од Омикрон варијантата, објаснува Батак.

Статистиките за авиосообраќај на ТАВ Македонија за 11-те месеци од 2021 година покажуваат дека најчести дестинации од Меѓународниот Аеродром Скопје се Истанбул (12 проценти), Цирих (7,7 проценти), Базел (7,3 проценти) и Виена (7 проценти), додека од охридскиот аеродром Св. Апостол Павле тоа се: Цирих (33,2 проценти), Базел (21,7 проценти), Меминген (18,2проценти), Виена (9,8 проценти) и Дортмунд (9,8 проценти).

Согласно со тековниот, зимски ред на летање, од скопскиот аеродром 13 авиокомпании летаат до 36 дестинации, додека од охридскиот аеродром две авиокомпании летаат до седум дестинации.

Од почетокот на пандемијата со КОВИД-19, авиокомпаниите често прават измени во нивниот ред на летање, а и државите исто така често ги менуваат правилата за патување со авион. Затоа, ТАВ Македонија постојано апелира до патниците да ги проверат најновите информации во однос на нивниот лет и условите за патување, со авиокомпанија со која ќе патуваат и со амбасадата на државата кадешто ќе патуваат.

Би можело да ве интересира

Колку луѓе ја дочекаа Нова година на небото? Во моментот на пристигнување на 2024 летале 10.560 авиони

А1он

Замрзнат дожд падна во Минхен, замрзнати писти на аеродромот, сите летови одложени

Снегот виновник за откажани десетици летови од Амстердам

Бочварски: До 10 јули ќе се вози по патот Подмолје-Охрид, има силна градежна офанзива

Орце Костов

Пуштен сообраќајот за лесни возила на магистралата А3 кај Делчево

Ана Ололовска

Бочварски: Владата ќе помогне за санација на штетите од невремето во Делчево

Ана Ололовска