Претставници на Владата на средба со поранешни вработени од Охис: Средствата од купопродажбата ќе се распределат на доверителите

Од:

Заменик претседателот на Владата, задолжен за економски прашања и координација со економските ресори, д-р Кочо Анѓушев, министерот за финансии, д-р Драган Тевдовски, министерот задолжен за регулатива за подобрување на инвестициската клима за домашните претпријатија, д-р Зоран Шапуриќ и генералиот секретар на Владата, д-р Драги Рашковски, остварија средба со претставници на поранешните вработени од Охис, кои штрајкуваа пред Владата незадоволни од спроведената стечајна постапка.

Владините претставници и претставниците на вработените констатираа дека стечајната постапка на Охис е завршена и спроведена од судските и стечајните органи, во процес во којшто Владата немала ингеренции и не била инволвирана. Согласно добиените информации од стечајниот управник, средствата кои се префрлени за купопродажба на Охис, во периодот кој следи ќе се распределат на доверителите, кадешто спаѓаат и поранешните вработени врз основа на донесени решенија на Судот за утврдени побарувања.

Вицепремиерот Анѓушев потенцираше дека Владата го донесе Законот за материјално обезбедување на невработени лица поради приватизација на претпријатија со доминантна сопственост на државата, преку кој се обезбедуваат околу 7.800 денари или 34% од просечната плата на месечно ниво за лица кои имаат остварено преку 15 години стаж во некоја компанија која била во државна сопственост, право кое го користат околу 8.000 лица, меѓу нив и поранешни вработени во Охис.

Вицепремиерот и министрите им порачаа на вработените дека Владата не се меша, ниту ќе се меша во судски одлуки, а по коментарите дека кај вработените постојат сомнежи дека во минатото се правеле злоупотреби на службената должност и се оштетувал имотот на Охис, а со тоа и имотот на државата, ги охрабрија сите евентуални злоупотреби и сомнежи да ги пријават и споделат со државните органи кои спроведуваат истражни постапки.

Би можело да ве интересира

Влада: Веднаш по изборите да се подготват законски решенија за статусот на специјализантите по медицина

Се извезуваат последните контејнери контаминирана почва од ОХИС од „ЛОТ“ 3, почнува извозот од „ЛОТ“ 4

Штрајк на приватните специјализанти: Работиме 24 часа за 26.000 денари, а немаме ниту здравствено

Орце Костов

ДКСК: Владата и Апелациските судови не доставиле податоци за бројот на службени возила

Орце Костов

Влада: Одлука за кадровското решение во ЦУК на наредната седница

Студентите и вработените на ФИНКИ на протест пред Владата