„Пресе“: Гасоводот „Набуко“ е пропаднат проект

Од:

Гасоводот „Набуко“ е неуспешен проект, пишува австрискиот весник „Пресе“.

Гасоводот требаше да пренесува касписки гас до Европа од крајот на 2017 година, додека азербејџанското наоѓалиште „ШахДениз“ се оценуваше како најважниот извор на гас во проектот.

Конзорциумот, кој управува со наоѓалиштето, сепак се одлучил за конкурентскиот проект за Транс-јадрански гасовод (ТАП), кој минува преку Грција, Албанија и Италија, наведува весникот.

Во конзорциумот учествуваат компаниите БП, Статоил, Тотал, Лукоил, иранското нафтено здружение Ен-Ај-Оу-Си, турската ТПАО и азербејџанскиот енергетски гигант СОКАР. Неодамна БП потврди дека одлуката ќе биде објавена кон крајот на јуни 2013 година.

Акционери во конзорциумот Набуко се австриската О-Ем-Ви, унгарската ФГС, бугарскиот Булгаргаз, романскиот Трансгаз и турскиот БОТАШ. Според плановите гасоводот Набуко-Запад треба да пренесува гас од бугарско-турската граница преку Бугарија, Романија и Унгарија до Австрија.

Би можело да ве интересира

Молдавија повеќе не добива руски гас

ЕСМ за март ќе набави гас од Макпетрол по цена од 60,10 евра

ЕСМ Продажба објави повик за снабдување со природен гас за март

Катерина Павлова-Николовска

(ВИДЕО) Експлодираше гасоводот што ја поврзува Литванија со Летонија

Горан Наумовски

Во Србија интензивни разговори за гасната интерконекција со С. Македонија

Ана Ололовска

Руски гас преку Украина: Дневни испораки од 35,5 милиони кубни метри

А1он