Пререгистрација на невработени на лица кои активно бараат работа и останати

Од:

Во Агенцијата за вработување во тек е пререгистрација на невработените во две евиденции, една за оние кои активно бараат работа и друга за останати кои се пријавуваат во Агенција. Во изминатите четири дена од почетокот се регистрирани 316 лица кои веднаш се изјасниле дека не бараат работа. На 27.000 им се дадени обрасци кои треба да ги пополнат и да се изјаснат дали сакаат активно да бараат работа.

– Водењето на овие две евиденции треба да придонесат за побрзо идентификување на конкретните видови услуги за вработување, нивно побрзо и поквалитетно обезбедување од страна на Агенцијата за вработување на оние лица  на кои им се неопходни, врз основа на претходно потпишан индивидуален план за вработување во кој се поконкретно искажани потребите на лицето, рече на денешната прес-конференција министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски.

Индивидуалниот план, додаде, треба да овозможи поголемо таргетирање на активните програми за вработување, поголема ефикасност на активните мерки и на користењето на буџетски средства за програми и активни политики за вработување.

Притоа министерот Ристовски потенцира дека воведените измени нема да избришат ниту едно лице од евиденцијата, ниту оние кои во иднина ќе одбијат вработување што ќе им биде понудено, туку ќе се пререгистрираат во вториот тип евиденција на други лица кои бараат работа.

– Целта е да се изврши структура на оние кои бараат работа да добиеме информација кои се лицата кои навистина бараат работа и веднаш би прифатиле вработување, а од друга страна да се види кои се лицата кои таа не им е итна , како и оние кои формално бараат работа, но не бараат вработување, рече Ристовски.

Директорот на Агенцијата за вработување Влатко Поповски потенцира дека на невработените им се дава образец, кој тие треба да го вратат назад во Агенцијата во рок од триесет дена во кој треба да се изјаснат дали бараат активно работа, кои квалификации, образование, вештини ги поседуваат како и за тоа каква  работа би прифатиле.

Тој потенцира дека врз основа на тоа ќе биде изготвен индивидуален план за вработување за секое лице поединечно, кој треба да биде потпишан и од него и од Агенцијата за вработување.

На ваков начин смета Попоски,  точно ќе се знае кој каква работа може и сака да прифати и ресурсите и средствата за активните мерки за вработувања да бидат правилно насочени. Исто така, рече, тоа ќе придонесе и на компаниите кои имаат потреба од работници да им се понуди соодветен кадар.

Невработените имаат право два пати да одбијат работа, по што ќе бидат префрлени во втората категрорија. Тие повторно ќе можат да се вратат во претходната евиденција по истекот на годината во која биле префрлени. Сите останати можат да се префрлаат една во друга евиденција кога мислат дека тоа е за нив најсоодветно. Во моментов во Македонија има 244 илјади невработени.

Би можело да ве интересира

Прва конститутивна седница на Советот на социјална сигурност

Горан Наумовски

Постара жена исфрлена на улица од семејството, десет дена живее во хорор-барака во Охрид

Жарко Настоски

Две малолетни сестри питаат боси по велешките улици за да однесат млеко за бебето Метин, неискапено со месеци

Габриела Димковиќ-Мишевска

Одложен проектот бесплатна услуга одмор и рекреација за децата од социјален ризик

А1он

(ВИДЕО) Спасовски: Создаваме услови граѓаните со социјален ризик да добијат кров над глава

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Молк на институциите по случајот во Аеродром: Секој ден е кобен за браќата и станарите

Ана Василевска