Прелиминарна електронска распределба на социјални станови во Штип

Од:

Во општина Штип денеска ќе се одржи јавна прелиминарна електронска распределба на 91 социјален стан, изградени согласно Програмата за изградба и одржување станови на Владата на Република Македонија.

На јавната електронска распределба ќе се обрати министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески.

Распределбата ќе биде извршена во присуство на апликантите со електронски софтвер кој ќе ја покаже прелиминарната ранг листа на добитниците на социјални станови.

Во рамки на Проектот за домување на социјално ранливите групи предвидена е изградба на 35 објекти во 26 градови низ државата со 1.753 станови. Планирано е сите станови да бидат изградени до  2014 година. Дел од средствата се обезбедуваат преку Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор со комерцијалната градба, а дел од Банката за развој преку Советот на Европа.

Во периодот од 2007 до 2011 година изградени се девет објекти со 430 станови. Од нив 29 се во Македонска Каменица, 102 стана во два објекти во Општина Ѓорче Петров во Скопје, 71 во Охрид, 32 во Кичево, 29 во Кочани, 30 во Кавадарци и 46 во Крива Паланка.

Во 2010 и 2011 година склучени се договори за закуп и вселени се 293 станови наменети за социјално ранливи групи.

Би можело да ве интересира

Влада: Одлука за кадровското решение во ЦУК на наредната седница

Студентите и вработените на ФИНКИ на протест пред Владата

Зошто се одложува изборот на нов универзален снабдувач на струја за домаќинствата?

А1он

Сообраќајка во Штип: Со автомобил удрил во три паркирани возила, а повредил и пешак

Горан Наумовски

Тошковски за поништувањето на неговите наредби: Во влада се тотално неинформирани, како не им е срам

Орце Костов

Џафери за новите автомобили: Лизингот е поевтино решение, ако останат во Владата одржувањето ќе биде скапо

Орце Костов