Преку Програмата за рурален развој, реконструиран патот од село Кажани до село Маловишта

Од:

Денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски, заедно со директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски, беа на увид во активностите на проектот кој се реализира од Програмата за рурален развој, проект за реконструкција на патот од село Кажани до село Моловишта- Битола.

„Оваа Влада, преку Програмата за рурален развој обезбеди финансиска поддршка во висина од 38 милиони евра, за општините да можат да инвестираат во подобрување на инфраструктурата во руралните средини. За овој зафат, Владата обезбеди средства во износ од 16,3 милиони денари по склучен договор и истите се обезбедени од Програмата за рурален развој. Сите овие проекти кои веќе се реализираат на терен, се само потврда на мерките кои оваа Влада ги презема за подобрување на условите за живот во руралните средини“, изјави министерот Димковски.

Освен овој проект, во општина Битола се реализираат и други 6 проекти одобрени од страна на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, односно Битола ќе се поддржи со вкупен грант од 38 милиони денари.

„За прв пат по цели 40 години патот Кажани – Маловиште ќе се прошири и ќе се реконструира со што значително ќе се подобри протокот на добра и услуги а ќе се зголеми и безбеденоста во сообраќајот а ќе се овозможи развој на руралниот туроизам бидејќи селото Млаовиште е единствено населено место во склоп на Националниот парк Пелистер“, изјави директорот Бабовски.

Преку инфраструктурните подобрувања во руралните средини, се обезбедува достоинствен живот за сите граѓани.

Би можело да ве интересира

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни субвенции за обележани грла говеда

МЗШВ: Исплатени субвенциите за остварено производство во овоштарство и градинарство со вредност од 302 милиони денари кон 13.440 земјоделци

МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата

МЗШВ: Ништо ново од Трипуновски, лаги и измислици наместо проекти и визија за земјоделците

Горан Наумовски

Кривична пријава за несовесно работење во службата против двајца членови на комисија во МЗШВ

МЗШВ: Повик до откупувачите на сончоглед да достават податоци за извршениот откуп