Преку Програмата за рурален развој, 540 земјоделци ќе возат нови трактори

Од:

Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој Николче Бабовски заедно со заменик министерот за земјоделство, Трајан Димковски, денеска во Штип ги доделија првите пет договори за набавка на трактори преку Програмата за рурален развој. Директорот на АФПЗРР, Бабовски истакна дека условите за добивање на оваа поддршка ги исполнуваат 540 апликанти.

-Вкупната финансиска поддршка за сите 540 апликации изнесува 206.000.000 денари. Најголем дел од апликантите побараа набавка на трактори од марката Тафе, Солис, Махиндра. Заради заштита и намалување на ширењето на „Ковид 19“, сите кои имаат аплицирано за оваа мерка и ги исполнуваат условите, а денеска не се овде договорите заедно со упатство ќе ги добијат на домашна адреса. Откако ќе ги заверат и потпишат два примерока од договорите ќе треба да вратат во Агенцијата. По што може да почнат и со реализација на инвестицијата односно со набавката на тракторот кој им е одобрен со договорот. Апелирам до сите се додека не го потпишат договорот да ја почнуваат инвестицијата, рече Бабовски.

Замeник министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски рече дека со помош на новата набавена, современа механизација се намалуваат производните трошоци на земјоделците, со тоа стануваат поконкурентни и модернизирани земјоделски стопанства.

-Модернизацијата на домашниот агро – сектор е од огромно значење затоа што со модерна механизација не само што се намалуваат работните часови на земјоделецот туку тој се прави и поконкурентен затоа што има намалени производни трошоци. Инвестициите и парите вложени во модернизација ни се враќаат преку зголемено производство, квалитетни и производи со додадена вредност кои се конкурентни и на домашниот и на странскиот пазар. Парите од Програмата за рурален развој, преку сите креирани мерки се инвестираат во рамномерен регионален развој. Ги развиваме руралните средини, овозможуваме еднакви услови за живот на сите граѓани. Како Влада ќе продолжиме да ги мотивираме земјоделците да ги зголемуваат површините и производството а ние ќе продолжиме да ги поддржуваме за тие да растат и да се развиваат, вели Димковски.

Димковски и Бабовски истакнаа дека приоритет и на Агенцијата и на Владата е развој на агро секторот и нови инвестиции во земјоделството.

Преку мерките од програмите за земјоделство и рурален развој се создаваат поволни услови за подобрување на сточниот фонд, зголемување на производство на млеко, месо, зеленчук и овошје кои позитивно ќе се одразат и на бруто домашниот производ, но и врз растот на домашната економија.

Би можело да ве интересира

МЗШВ: Исплатени субвенциите за остварено производство во овоштарство и градинарство со вредност од 302 милиони денари кон 13.440 земјоделци

МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата

МЗШВ: Ништо ново од Трипуновски, лаги и измислици наместо проекти и визија за земјоделците

Горан Наумовски

Кривична пријава за несовесно работење во службата против двајца членови на комисија во МЗШВ

МЗШВ: Повик до откупувачите на сончоглед да достават податоци за извршениот откуп

МЗШВ: Земјоделците од Свети Николе со силна поддршка на решението за продолжување на договорите што го понудивме