Предвидени се над 16 милиони евра за помош на домашниот туризам

Од:

Во сетот на мерките во третиот економски пакет, предвидени се над 16 милиони евра, односно на над 100 илјади граѓани ќе им се доделат ваучери за домашен туризам, со цел да ги искористат во категоризираните хотели, но и во приватни капацитети категоризирани во склоп на општините, со што ќе се поттикне потрошувачката, ќе се подржи овој многу важен сектор за економијата во нашата држава, порача министерот за економија Крешник Бектеши на денешниот состанок во Струга со претставници на Хотелска асоцијација на Македонија (ХОТАМ ) и струшкиот градоначалник Рамиз Мерко.

Тој ги презентираше мерките за поддршка на туризмот од третиот пакет мерки на Владата и ги слушна барањата и мислењата на туристичките работници за тоа како побрзо да се рестартира овој сектор.

Министерот ги информираше туристичките работници дека во третиот пакет мерки предвидени се ваучери за домашен туризам од 100 евра и домашна платежна картичка од 50 евра. Со оваа мерка, како што потенцираше Бектеши, се опфатени сите вработени граѓани што примаат плата помала од 15.000 дрнари нето месечно и немаат други приходи. Како што кажа ваучерот може да се користи во домашните хотели и други сместувачки капацитети, додека со платежната картица, додаде, поттикнуваме купување на домашни производи и услуги.

-Денеска ми беше чест и задоволство заедно со градоначалникот Мерко, претседателот и членовите на ХОТАМ, отворено да разговараме за последните мерки за подршка на секторот туризам, кои ние како Влада веќе ги усвоиме. Ја искористив оваа можност пред присутните да го објаснам начинот за реализација на мерките, кои се резултат на нашата заедничка координација на сите засегнати страни во секторот туризам, при што ние како претставници на Владата отворено разговаравме, но воедно и ги разгледавме нивните сугестии, коментари и барања во интерес на хотелиерството во целина, како и за подобрување на услугите за сите посетители на нашата држава, истакна Бектеши по средбата.

Тој најави дека веќе наредна недела очекува дека ќе ја имаат првичната драфт верзија на јавниот повик за оваа сезона.

-Како Министерство за економија и како Влада, продолжуваме посветено да работиме и да се координираме со сите засегнати страни во секторот туризам, се со цел заеднички да ја надминеме со што помал ризик ова здравствена, но секако и социо економска криза, рече Бектеши.

Претседателот на ХОТАМ Крсте Блажески ја искористи можноста да се заблагодари за укажаната можност за дискусија на овој состанок,кој како што рече, е многу важен за туристичкиот сектор, затоа што секојднево се соочуваат со се повеќе откажувања од странски тур оператори, а надежта ја гледаат токму во домашните гости.

-Се собравме да дискутираме како тоа технички би се реализирале мерките за брзо време бидејќи сезоната почнува многу брзо. Загубите се големи, посебно во хотелско-угостителскиот дел, но исто така и во ресторанскиот дел, но мораме сето ова да го надминеме заеднички и да продолжиме понатака, рече Блажески.

Земјите од регионот, посочи, веќе полека почнуваат да се отвораат, се надевам дека и нашите стручни служби ќе излезат со препорака за отварање на сезоната, дека оваа пандемија за брзо време ќе заврши, а ние ќе можеме да функционираме нормално понатака.

Струшкиот градоначалник Мерко оцени дека денешната средба е уште една потврда дека генерално се добредојдени и во охридско-струшкиот регион заложбите кои ги презема министерот за економија и Владата за помош на туристичкиот сектор.

-Искрено посакувам што поскоро враќање во нормала на турстичкиот сектор, посета од домашните гости, но секако добредојдени се и странските туристи, истакна Мерко.

Би можело да ве интересира

Опожарена трска на струшкото крајбрежје

Мерко молчи по двете поднесени обвиненија, во обвинителствата против него има уште 14 активни предмети

Александар Тодески

Кривичен го препрати предметот против Мерко во струшкиот суд: Не биле надлежни тие, туку судот во чие подрачје се извршило делото

Бектеши бара да се репреговара една енергетска инвестиција: Не може два или три пати да се дава државна помош на ист инвеститор

Орце Костов

Во Струга пронајдена почината жена

Автомобил излета од „Партизанска“ во Струга, тешко повреден е возачот

Горан Наумовски