Предвидени 160 милиони денари за додаток за млади до 23 години за следната година

Од:

Вкупниот буџет за 2020 година на Министерството за труд ќе изнесува 48 милијарди и 600 милиони денари, соопшти денес министерката Мила Царовска. Од овие средства Царовска вели дека речиси 47 милијарди и 500 милиони денари завршуваат кај граѓаните.

Според буџетските ставки за 2020 година, 10, 5 милијарди денари се предвидени за социјални трансфери. Дел од овие пари, односно 600 милиони денари се предвидени за исплата на детски додаток, за образовен додаток се одвоени 672 милиони денари, а за социјална пензија 468 милиони денари.

„Со останатите средства ќе се исплаќаат гарантираниот приход и други социјални трансфери предвидени во законите за социјална и детска заштита“, објасни министерката Царовска.

За идната година во буџетот е предвидена новата мерка за субвенционирање на плати и таа изнесува 2,4 милијарди денари за цела година. Во оваа ставка се раздвојуваат трансферите кон Пензискиот фонд, кон Фондот за здравство, и кон Агенцијата за вработување.

„Преку Агенцијата за вработување морам да истакнам дека наредната година инвестираме поголема сума од оваа година. Ако лани почнавме со оперативните мерки за вработување кои што изнесуваа една милијарда и сто милиони денари, оваа година сумата за оперативни мерки за вработување ќе биде една милијарда и триста милиони. Ако има целосна реализација до средината на годината имаме можност за дополнителни финансиски средства, како што покажавме оваа година, со 200 милиони ги дополнивме оперативните мерки за вработување кои што влијаат и на раст на компаниите но исто така и на вработувањето и вработливоста во нашата држава“, образложи министерката Царовска.

За да ги поттикнат младите лица до 23 години да работат во производство или да станат индивидуални земјоделци, за 2020 година обезбеден е младински додаток од вкупно 160 милиони денари за цела година.

„Истите се очекува да бидат искористени од 4.000 млади лица до 23 години кои што се вработени во производство или се земјоделци“, рече министерката Царовска.

Дополнително Министерството за следната година за 25 % ги зголемило финансиските средства за капитални инвестиции во детска заштита. Обезбедени се 105 милиони денари за капитални инвестиции во детска заштита или 17 милиони денари повеќе од лани.

„Создадовме буџет кој што обезбедува социјална сигурност на лицата во социјален ризик. Ги поддржуваме децата и детскиот развој и обезбедуваме социјална сигурност за повозрасните. Ние се грижиме како Министерство од најмладите до највозрасните затоа најголем процент од буџетот завршува кај граѓаните“, рече министерката Царовска.

Би можело да ве интересира

МФ: Усвоен Буџетот за 2024 во Собранието, носи инвестиции, развој и одржливост

Пренџов: 20 години ДУИ ги поддржува сите буџети на државата, пари за автопати, мостови и граѓаните нема, ама за бизнисите на челниците на ДУИ има

Горан Наумовски

Собранието го донесе Буџетот за 2024 година

Горан Наумовски

Втор ден општа расправа по Дополнетиот предлог буџет за 2024 година

Воздухот енормно загаден, а пратениците одбиваат амандмани за Буџетот со кои ќе се намали аерозагадувањето

Орце Костов

Расправа за Дополнетиот предлог буџет за 2024, економскиот раст проектиран на 3,4 проценти, инфалацијата на 3,6