Предности на домот во јадрото на Скопје ориентиран кон јужната страна: Уживање во прекрасен поглед, природна сончева светлина и заштеда на топлинска и електрична енергија

Од:

Изборот на нов дом индиректно влијае на обликувањето на животната патека по која секој од нас чекори. Поседувањето  сопствен дом му обезбедува на семејството чувство на стабилност, сигурност и припадност. Токму затоа одлуката за избор на нов дом треба внимателно да биде донесена и притоа  треба да бидат земени предвид сите аспекти кои можат да ви обезбедат удобен и квалитетен живот. Потрагата по нов дом треба да биде темелна, а изборот базиран на добро проверени факти. Во прилог ви претставуваме важни информации кои ќе ви помогнат да одлучите зошто изборот на дом ориентиран кон јужната страна претставува вистински чекор за вас.

Живеењето на јужната страна во центарот на Скопје овозможува неверојатен поглед

Од тоа како ќе ви започне утрото во голема мера зависи и каков ќе ви биде остатокот од денот, токму затоа погледот со кој ќе се будите треба да биде еден од главните приоритети при изборот на вашиот иден дом. Една од најважните придобивки што ги овозможува домувањето на јужната страна во Скопје е живописниот поглед кон  еден од најубавите предели на главниот град, планината Водно и Милениумскиот крст. Овој поглед максимално е искористен при проектирањето на „Гранд Ривер“, објектот кој се гради спроти хотелот „Холидеј Ин“ во рамки на станбено-деловниот комплекс „Гранд Скопје“. Се работи за современ објект кој е дизајниран да овозможи максимален комфор на идните корисници, и целосно искористување на погледот и природната светлина. Можноста наутро да се разбудите во станбените единици кои поседуваат пространи тераси со стаклени огради има потенцијал да го унапреди квалитетот на вашето живеење, токму поради достапноста на природната сончева светлина и опцијата да се ужива во допирот на сончевите зраци и неповторливиот поглед.

Домовите лоцирани на јужната страна овозможуваат заштеда на топлинска и електрична енергија

Заштедата на топлинска и електрична енергија е една од клучните економски придобивки кои ги овозможува животот на јужната страна, особено во време кога нивната цена е во постојан пораст. Објектите кои се изградени со високи стандарди на енергетска ефикасност, како „Гранд Ривер“, со термо изолирана фасада и ниско енергетско стакло, овозможуваат заштеда на топлинска и електрична енергија и минимално влијание на животната средина. Заштедата на топлинска енергија е најизразена во најстудениот период во годината, од декември до февруари, кога трошоците за догревање на просторот би биле значително намалени. Кога долгорочно ќе се земе предвид заштедата на топлинска и електрична енергија, становите лоцирани на јужната страна дефинитивно претставуваат исплатлива инвестиција.

Природната сончева светлина има позитивно влијание на здравјето

Докажано е дека природната сончева светлина  е извор на позитивна енергија и расположение и фактор кој позитивно влијае на физичкото и менталното здравје. Придобивките од природната сончева светлина се потврдени со многубројни истражувања, кои покажале дека таа директно е поврзана со расположението, бидејќи го стимулира лачењето на хормонот на среќа серотонин, кој, пак, кога се лачи во поголеми количества се поврзува со доброто расположение и чувства на задоволство и смиреност. Сончевата светлина ги мотивира луѓето и позитивно влијае дури и на нивната концентрација и апетит. Домовите кои се наоѓаат на јужната страна и имаат пространи дворови или тераси овозможуваат нивните жители  во поголем дел од денот да бидат изложени на витаминот Д3, кој е единствениот Д витамин што телото може да го произведува благодарение на сончевата светлина и кој значително го подобрува имунитетот на луѓето.

Природната сончева светлина освен што носи бројни здравствени придобивки има силно влијание на перцепцијата на просторот, односно прави тој да изгледа визуелно поголем и поширок.

Домот ориентиран на јужната страна обезбедува можност да одгледувате голем број растенија

Љубителите на растенија дефинитивно ќе уживаат доколку нивниот дом се наоѓа на јужната страна. Поголемиот дел на растенија кои се одгледуваат во домовите бараат сончева светлина и токму затоа достапноста на сончевите зраци ќе овозможи да одгледувате широк спектар на растенија во својот дом кои ќе донесат свежина, ведрина и позитивни вибрации. За растенијата во домот, исто така, е потврдено дека го намалуваат нивото на стрес, ја зголемуваат вашата продуктивност и го подобруваат квалитетот на воздухот.

Сите овие факти јасно говорат зошто токму станбените единици на јужната страна во „Гранд Ривер“ треба да бидат вашиот избор на нов дом каде што ќе ги нижете идните моменти на среќа.

Доколку  сте заинтересирани за домување по највисоки стандарди на јужната страна во „Гранд Ривер“ може да добиете персонализирана понуда во продажниот салон на комплексот „Гранд Скопје“ во ГТЦ на 1 кат или да го контактирате  тимот за продажба на телефонските броеви: 070 233 055 и 070 355 351 и на и-мејл: [email protected].

ПР Текст

Би можело да ве интересира

Газдите може да ги издаваат становите по цени колку што сакаат: Пратениците против утврдување на горна граница за кириите

Орце Костов

Цените на становите во Скопје со раст од седум отсто во четвртиот квартал лани

Цените на становите во Скопје со раст од 11 проценти на годишно ниво

Орце Костов

Во јули 280 одобренија за градење, за 33,6 отсто помалку во однос на истиот месец лани

Ќе паѓа цената на становите во Скопје, државата најави регулација

Орце Костов

Зголемени цени на становите, поголема побарувачка за станбени кредити и повеќе издадени одобренија за градба – извештај на Народната банка

Катерина Ѓуровски