Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ поднесоа 397 амандмани на Предлог буџетот за 2021

Од:

Пратеничката група на ВМРО–ДПМНЕ поднесе 397 амандмани на Предлог Буџетот на Република Македонија за 2021 година, коишто, според пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојановски, се однесуваат на најголемите проблеми и предизвици со кои се соочува државата во изминатиот период.

– Имено, поднесовме амандмани кои се однесуваат на здравствената криза предизвикана од Ковид 19 за која сме рекордери во црните статистики и негативен пример, како во Европа, така и пошироко. Поднесовме амандмани за бесплатни ПЦР тестови за сите граѓани, како и дополнителни мерки и помош за здравствените работници, но и за градежни зафати за изградба на нови и реновирање на веќе постоечки инфективни одделенија ширум болниците во Република Македонија. Исто така, поднесовме амандмани за обезбедување на средства за помош на другите сектори кои се погодени од оваа криза. Бараме да се обезбедат средства за набавка на компјутери за сите ученици од основното и средното образобание кои не можат да ја следат наставата, како и компјутери за сите наставници и професори во основните и средните училишта, изјави денеска Стојановски во Собранието, каде од вчера во Комисијата за финансирање и буџет се расправа за Предлог-буџетот.

Поднеле амандмани, како што дополни, кои се однесуваат на заштитата на животната средина односно амандмани кои што мислиме дека доколку се прифатат ќе дадат голем резултат во решавањето на најгорливиот и повеќедеценискиот проблем во зимските денови односно за намалување на загадувањето на воздухот во Македонија.

-Од друга страна, и покрај овие моментално најголеми и најактуелни проблеми со кои се соочуваме сите граѓани во Република Македонија, ние како пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, исто така поднесовме голем број на амандани кои се поврзани и се однесуваат на локалните проблеми и барања на граѓаните односно проблеми со кои граѓаните секојдневно се соочуваат. Тука спаѓаат водоводни и канализациони мрежи, локални и регионални патишта, нови градинки, старечки домови и други проекти кои им се неопходни на граѓаните во секојдневното живеење, рече Стојановски.

Апелирајќи до пратениците од владејачкото мнозинство да ги прифатат амандманите посочи дека „тие се решение на проблемите со кои се соочуваат граѓаните и државата и претставуваат коректор на Предлог буџетот кој е лош за сите граѓани на Република Македонија.

На Предлог државниот буџет за следната година се поднесени 528 амандмани. Покрај од ВМРО-ДПМНЕ, амандмани поднесоа и Алијансата за Албанците и Алтернатива.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски и ДПМНЕ немаат план ниту визија, со нив нема членство во ЕУ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС ја фрли државата во хаос, ова не е Македонија која ја сака народот

ДУИ: Сакале или не СДСМ и ВМРО, идниот претседател ќе се избира во Собранието

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Сексистички навреди кон Силјановска на митингот во Куманово, Пендаровски се смее

Каевски: ДПМНЕ го врати речникот од 27 април со нападите врз Пендаровски

СДСМ: ДПМНЕ го врати речникот од 27 април со нападите врз Пендаровски

Катерина Ѓуровски