Позитивни резултати за времетраењето на постапките решени со Арбитража

Од:

Статистичките податоци за работењето на Постојаниот избран суд – Арбитража покажуваат дека речиси е идентичен соодносот на постапки што се поведуваат со и без меѓународен елемент. Во последните две години, 46 проценти од поведените постапки биле спорови што имаат карактер на спор без меѓународен елемент, додека пак 54 проценти биле постапки поведени во спорови со меѓународен елемент. Прилично позитивни се резултатите во однос на времетраењето на постапките поведени пред Постојаниот избран суд – Арбитража. Во 2018 година може да се пофалиме со просечно времетраење на поведените арбитражни постапки од 186 денови односно приближно шест месеци.

Ова го истакна секретарката на Постојаниот избран суд – Арбитража Татјана Штерјова на денешната прес-конференција во Стопанската комора на тема „Преку унапредување на арбитражното законодавство, до подобро деловно опкружување.

– Кога станува збор за користење на арбитражата како метод на решавање во светски рамки, светските трендови покажуваат дека таа се уште има неприкосновено место кај бизнис заедницата како најпрефериран метод за решавање на нивните деловни спорови. Тоа несомнено го покажуваат и податоците од арбитражното истражување што традиционално, секоја година го спроведува Универзитетот „Квин Мери“. Како што покажуваат податоците, речиси 97 проценти од испитаниците (правници, адвокати и арбитри со повеќегодишно искуство) ја преферираат арбитражата или како самостоен метод за решавање на спорови или како метод во комбинација со некои од другите алтернативни начини на решавање на спорови, рече Штерјова.

Ова истражување, како што посочи таа, покажува дека постојат неколку основни карактеристики на арбитражата што се посочуваат како најпреферирани обележја на овој метод што му даваат предност над другите алтернативни методи за решавање на споровите. Пред се се мисли на извршноста на одлуките што е загарантирана со Њујоршката конвенција, значително место има и можноста што ја нуди арбитражата за да се избегнуваат специфични правни системи или национални законодавства. Дополнително предност на арбитражата се дава на флексибилност на постапката што им овозможува на странките самостојно да ги уредуваат сите важни прашања што се однесуваат на организацијата на постапката изборот на јазикот и именувањето. Дополнително странките даваат голема предност и на доверливоста на постапката, што овозможува се што се однесува на арбитражен спор и на странките во спорот да остане тајно, односно да не е достапно за заинтересираната јавност.

– Лондон, Париз, Женева, Сингапур и Хонг-Конг се најпреферирани места во кои се лоцира арбитражата и истовремено светските податоци покажуваат дека за очекување е проширување на примената на арбитражата како метод за решавање на спорови во некои од областите што излегуваат од границите на традиционалните трговски спорови како што се енергетиката, градежништвото, инфраструктурата, како и банкарството и финансиите, рече Штерјова.

Претседателот на Постојаниот избран суд – Арбитража Горан Рафајловски посочи дека арбитражната одлука е една и оти немаат право на нејзино отповикување и од таа причина процесите не траат подолго од шест месеци во просек. Најголемиот број на домашни и странски големи компании, како што информира, се веќе со арбитражни клаузули во нивните договори.

– Очекуваме од Владата да направи мала измена во законодавството каде што ќе ни дозволи нас како арбитер, да арбитрираме некои спорови кои досега не ни беа дозволени согласно законот, рече Рафајловски.

Изрази надеж дека ќе се договорат со министерката за правда Рената Дескоска за измена на законското решение каде на арбитражата ќе и се дозволи некои прашања да бидат арбитрабилни, односно да не бидат само по судски пат решавани.

Штерјова појасни дека постојат повеќе области што традиционално не се сметаат за арбитрабилни, а тука, како што рече, влегуваат споровите од областите на енергетика, правото на интелектуална сопственост, имотните права, концесиските права, значи шроки области може да нуди арбитражата и во светски рамки веќе е прифатена практика ваквите спорови да се решаваат во арбитражна постапка.

Постојаниот избран суд – Арбитража при Стопанската комора на Македонија, со поддршка на Централно европската иницијатива и Амбасадата на Швајцарија организира арбитражна конференција што ќе се одржи оваа недела 28 и 29 март, а централната тема на конференцијата ќе биде прашањето за унапредување на арбитражното законодавство.

Би можело да ве интересира

Стопанската комора поднесе Иницијатива за уставноста на Законот за данок за солидарност

Стопанската комора со сет барања за дополнителна поддршка на домашниот агросектор

Стопанска комора ќе бара од ЕУ да ги пролонгира роковите за одредени стандарди и регулативи кај бизнисот

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Ризикот за плаќање на милионски отштети кон странски фирми во арбитражни постапки е заради неспособноста и криминогеноста на СДС

Граѓаните може да платат 1,3 милијарди евра за грешките на политичарите: Нови арбитражни постапки против Македонија

Орце Костов

Двоен зијан – ем без реализирани инвестиции, ем ќе плаќаме отштети

Предраг Петровиќ