Повисоки трошоците за храна и туристички аранжамани

Од:

Трошоците на живот во јуни во однос на мај годинава се намалени за 1,1 отсто, а споредено со јуни лани се зголемени за 0,3 отсто. Цените на мало пак во јуни во однос на мај се намалиле за 0,7 проценти, а споредено со јуни лани се на исто ниво, објави денеска Државниот завод за статистика.

Намалени трошоци живот во јуни годинава, во споредба со претходниот месец, е забележано кај свежиот и разладениот зеленчук освен компирот и другите коренести плодови за 20,3 проценти, трбушките за 0,5 проценти, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 0,3 проценти, рибата и морските плодови, сирењето и урдата, другите млечни производи за 0,2 проценти.

Намалување на трошоците на живот е забележано и кај течните горива и мазива како дел од опремата за сопствени сообраќајни средства за 3,5 проценти, течните горива за домаќинствата за 2,4 проценти, средствата за чистење и одржување стан за 1,7 проценти, опремата за прием, снимање и репродукција на звук и слики за 1,5 проценти, гасот за домаќинствата за 1,4 проценти, градините, растенијата и цвеќињата за процент, теписите и другите покривки за под за 0,9 проценти, информатичката опрема за 0,8 проценти, стаклените садови, кујнскиот прибор и другата опрема, игрите, играчките и хобијата за 0,4 проценти, малите електрични апарати за домаќинствата, домашните миленици и сродни производи за 0,3 проценти.

Статистичките податоци покажуваат дека има пораст кај трошоците на животот во јуни 2019 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај свежото и разладеното овошје за 3,9 проценти, другите пекарски производи за 0,7 проценти, лебот и житата, месото, сушеното, соленото и чаденото месо, сувото овошје и јаткастите производи за 0,4 проценти, млекото, јогуртот, јајцата за 0,3 проценти, маслото и маснотиите, алкохолните пијалаци за 0,2 отсто.

Во јуни 2019 година, пораст на трошоците на животот е забележан исто така и кај туристичките пакет аранжмани за 3,8 проценти, авионскиот превоз на патници за 3,1 процент, фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти за 1,5 отсто, патниот сообраќај за 0,9 проценти, автомобилите за 0.8 отсто, услугите за сместување за 0,7 проценти…

Би можело да ве интересира

За една година затворени 14 училишта во Македонија: Намален е бројот и на паралелки и ученици

Александар Тодески

Лани поднесени обвиненија за половина од примените пријави за злоупотреба на лични податоци

Александар Тодески

Минималните трошоци на едно семејство во јуни 48.543 денари

Негативен природен прираст во 2022 година

А1он

Зголемен бројот на туристи

Угостителските услуги поскапи за 13,4 отсто во однос на лани

Горан Наумовски