Повисоки плати за вработените во Пошта од јуни и август, понудено е решение за прекин на штрајкот

Од:

Зголемување на платите за 3.000 денари за вработените во технолошкиот процес во „Македонска Пошта“ од 1 јуни, а за останатите од администрацијата 1 август. Ваков предлог добил Синдикатот на поштата од страна на раководството за прекин на штрајкот кој почна денес.

Претседателот на Синдикатот, Боро Велигденов на прес-конференција истакна дека утрово интензивно преговарале со раководството. Откако официјално ќе ја добијат понудата и ќе ја потпишат спогодбата штрајкот ќе биде прекинат, но претодно неопходна е консултација со синдикалните организации за предлогот.

До потпишувањето на спогодбата, штрајкот е во тек, изјави Велигденов.

Би можело да ве интересира

Од пошта украдени пари, поштенски марки и други предмети

„Еко Логистик Сервис“ е лидер во сите категории за национална брза пошта за 2022 година

Орце Костов

Синдикатот на Пошта бара итна средба со Владата, во спротивно ќе организира протести и штрајкови

Синдикатот на Македонска пошта бара да се стопира вработувањето на 31 административен службеник

Колапс во „Пошта“: Одете си, не знам кога да дојдете по пратката, системот е паднат

Маја Илиевска-Пачемска

Протестот во националната Пошта ставен во мирување, постигнат е договор за платите