Повик на ФАО за изработка на Физибилити студии за консолидација на земјоделското земјиште

Од:

Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО) го објави повикот за изразување интерес за учество на тендер за консултантски услуги за Физибилити студии за консолидација на земјиште во 12 консолидациски области во Македонија.

Физибилити студиите треба да ја покажат оправданоста за спроведување на консолидацијата на земјоделското земјиште во претходно идентификуваните 12 потенцијални области низ државата.

Објавувањето на јавниот повик е во рамки на проектот финансиран од Европската унија „Воведување на национална програма за консолидација на земјиште” (МАИНЛАНД), што го спроведува ФАО заедно со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Со огласот се покануваат сите овластени геодетски компании, што се заинтересирани да земат учество во престојниот тендер, да достават изјави за интерес според насоките и барањата дадени на следниот линк: https://www.ungm.org/Public/Notice/71062.

Рокот за доставување на изјавите за интерес е 7 мај.

Физибилити студиите ќе обезбедат детална анализа на сегашната ситуација во секое од избраните консолидациски подрачја, со особен акцент на состојбата со фрагментираноста на парцелите во дефинираното подрачје, сопственичката структура на земјиштето, обемот на земјоделско производство, моменталната состојба со руралната инфраструктура (рурални патчиња, системи за наводнување и одводнување и др.), потребите од инвестирање во рехабилитација и/или изградба, како и оправданоста за имплементирање на постапките за консолидација и значењето за понатамошниот развој на руралната заедница.

Исто така треба да ја потврдат подготвеноста на земјоделците, сопственици на земјоделско земјиште, активно да учествуваат во процесот.

Врз основа на анализата на ситуацијата, студиите ќе обезбедат препораки за најдобар пристап за консолидација на земјиштето во секоја од областите, а исто така ќе ги идентификуваат и приоретизираат потребните инвестиции во нови пристапни патишта и инфраструктура за наводнување и одводнување, во зависност од потребите во секоја заедница.

На почетокот на март, врз основа на евалуација наспроти неколку критериуми за избор, беше направен избор од 12 локални заедници со највисок потенцијал и интерес за консолидација на земјоделско земјиште, каде ќе се спроведуваат физибилити студиите.

Избраните заедници се Стојаково во Општина Богданци, Логоварди, Трн, Оптичари и Жабени во Општина Битола, Лешани во Општина Дебарца, Чешиново, Соколарци, Спанчево и Чифлик во Општина Чешиново-Облешево, Царев Двор во Општина Ресен и Моноспитово во Општина Струмица.

Главната цел на проектот е да се реши проблемот со фрагментираноста на земјоделското земјиште со цел да се зголеми конкурентноста на земјоделското производство, да се подобрат условите за живот во руралните средини и да се обезбеди одржливо користење на природните ресурси.

Би можело да ве интересира

Трипуновски: Љупчо Николовски доделил 2.5 милиони евра надвор од процедура

Орце Костов

МЗШВ: Усвоена Интервентната програма за поддршка во земјоделството за 2024 година

Македонското земјоделство ги доби првите сертифицирани советници

Николовски: 2024-та ќе биде година на нови предизвици, продолжуваме со силна реформска земјоделска политика

Николовски од Делчево: Ги повикувам сите земјоделци навремно да аплицираат, остварувајќи го правото на дополнителите директни плаќања за полјоделски култури, градинарски култури, овошни и лозови насади

Николовски: Ја носиме Европа дома, за просперитет на секој земјоделец, за пласман на домашните производи на европскиот пазар