Повеќе говеда, а помалку живина лани во Македонија

Од:

Вкупниот број на говеда минатата година е зголемен за 0,1 процент во споредба со 2016 година. Зголемување за 22,5 проценти има кај бројот на говеда кај деловните субјекти, а намален е бројот на говеда кај индивидуалните земјоделски стопанства, објави денеска Државниот завод за статистика.

За разлика од говедата, кај свињите има зголемување на нивниот број за 1,6 проценти кај индивидуалните земјоделски стопанства, а намалување за 4,5 проценти кај бројот на свињи кај деловните субјекти.

Иста е ситуацијата и кај овците, односно нивниот број е зголемен за 1 процент кај индивидуалните земјоделски стопанства, а намален за 19,7 проценти кај деловните субјекти.

Во истиот период, бројот на кози кај индивидуалните земјоделски стопанства е зголемен за 6,2 отсто, а кај деловните субјекти има намалување за 20,7 отсто.

Бројот на живината минатата година во споредба со претходната година е намален за 1,4 проценти.

Би можело да ве интересира

АФПЗРР: Почна аплицирањето за субвенции за прва фаза произведено и предадено млеко на преработувачки капацитети

Ана Ололовска

При крај рокот за аплицирање за набавка на педигриран приплоден добиток

Ана Ололовска

Деветта средба на сточари и земјоделци

Наум Локоски

Николовски: Со развојни мерки ќе го сопреме падот на бројките во сточарството

Наум Локоски

Цената на јагнето ниска, најголем пласман во Италија

Ана Ололовска

Почнува вакцинацијата против „јазлеста кожа“

Ана Ололовска