Потпишани договорите за кофинансирање на осум проекти од Програмата за прекугранична соработка со Косово

Од:

Министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу денеска ги потпиша договорите за кофинансирање на осум проекти од Програмата за прекугранична соработка меѓу Република Македонија и Република Косово.

На настанот, присуствуваа носителите и партнерите на проектите, претставници од надлежното Министерството на Косово како и претставник од делегацијата на Европската Унија.

-Со цел да ги помогнеме домашните апликанти и да ги поттикнеме да подготвуваат проекти, Министерството за локална самоуправа ги покрива трошоците за национално кофинансирање, во вредност од 15 насто од вкупниот износ. Проектите ќе овозмозможат поголема соработка и социјална кохезија меѓу граѓански организации од двете земји, поттикнување на развојот на локалниот туризам, мапирање на туристичките потенцијали и искористување на природните ресурси, заштита на културното наследство во регионот. Нашата перспектива е во отворањето на нови можности за соработка и максимално користење на предпристапните фондови на Европската Унија, особено на програмата за прекугранична соработка која што им е достапна и на општините, на граѓанските организации и други непрофитни субјекти како што се училишта, универзитети, институти, рече министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу.

Вкупната вредност на проектите за Република Македонија и за Република Косово во рамките на овој повик е 1,5 милиони евра.

До 2020 година за проекти за прекугранична соработка меѓу Република Македонија и Република Косово, од страна на Европската Унија се одобрени вкупно 8,4 милиони евра.

Би можело да ве интересира

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски

Вучиќ за Косово: На сите во лице им кажав што нема да исполниме од Охридскиот договор

Горан Наумовски

Косово одбележува 16 години од независноста

А1он