Потпишан Меморандум за продлабочување на соработката меѓу народните банки на С. Македонија и Хрватска

Од:

Продолжување на досегашната плодна меѓусебна соработка и поддршка во интерес на двете институции, но и економиите на двете земји има за цел Меморандумот што денеска во Скопје го потпишаа гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и нејзиниот хрватски колега Борис Вујчиќ.

Гувернерот на Хрватската народна банка истакна дека соработката на двете институции била добра отсекогаш, но, дека се интензивирала по 2000-та година. Особено, рече, била интензивирана со влезот на Хрватска во ЕУ и патот земјава за членство во Унијата.

-Хрватска поддржува што поскорешен влез на Македонија во Европската унија. Тоа го правиме и на политичка основа, но, и преку нашите активности како централна банка, рече Вујиќ.

Тој додаде дека двете банки имаат добра соработка и по потреба за работи кои се важни за македонската централна банка и за хрватската централна банка.

-Морам де кажам дека таа соработка е долга и пријателска и би рекол ефикасна. Тоа се покажа и во ова пандемиска криза, рече гувернерот на ХНБ додавајќи дека преку Виенската иницијатива во овој период биле постигнати значајни рабити битни за земјите кои учествуваат во неа. Тука, додаде, се покажа дека соработката е особено важна во услови на криза кога состојбата е таква и треба брзо да се реагира.

Гувернерката Ангеловска Бежоска истакна дека Хрватската народна банка е наш значен партнер и поддржувач на нашиот пат кон членство во европското семејство.

-Најдобра потврда за нашата успешна соработка се податоците од неа кои недвосмислено упатуваат на цврст партнерски оснос кој се заснова на взаемна респектибилност, рече гуверерката на прес-конференцијата по потпишувањето на Меморандумот, кој, како што оцени, ќе биде уште една алатка која ќе овозможи натамошно продлабочување на нашата соработка.

Така, нагласи таа, ќе ја продлабочиме соработката во поинтензивна форма, бидејќи тоа е во интерес на нашите две институции и за целокупните економии на двете земји.

Ангеловска Бежоска појасни дека ХНБ активно поддржала околу 12 значајни проекти во повеќе области кои се значајни за централно банкарското работење. Исто така, истакна гувернерката, поддршка дава и во рамки на други регионални и меѓународни инцијативи како што е Виенската иницијатива чиј претседател е токму Вујиќ, а таа е член на Управниот одбор .

Гувернерот на Хрватската народна банка Борис Вујчиќ денеска престојува во посета на Народната банка на Северна Македонија.

Би можело да ве интересира

Ангеловска-Бежоска – Сера: Транспарентноста на Народната банка е основа за кредибилност на политиките и макроекономската стабилност

Ана Ололовска

Митреска: Монетарната политика е еден од столбовите на закрепнување на економијата

Ана Ололовска

Народна банка: Годишен раст на депозитите од 9,9 проценти и на кредитите од 6,4 отсто

Ана Ололовска

Ангеловска-Бежоска: Корона-кризата повеќе ги погоди жените, нагласувајќи ја потребата од засилени активности за родова рамноправност

Ана Ололовска

НБ: Основната каматна стапка останува на ниво од 1,25 проценти

Ана Ололовска

До утре пријавување за учество на 40. сесија на Клубот на истражувачи на Народната банка

Ана Ололовска