Потпишан договор, продолжува испораката на греење во Чаир и Бутел

Од:

АД ЕСМ го плати природниот гас наменет за АД Скопје Север за испорака на греење и потрошувачите во општините Чаир и Бутер од утре наутро повторно ќе имаат парно греење.

Скопје Север го потпиша Договорот за деловно-техничка соработка АД ЕСМ, за што АД ЕСМ на почетокот на грејната сезона доби задолжение со одлука од Влада, а по барањето искажано од АД Скопје Север за финансиска поддршка за набавка на гас.

„АД ЕСМ со средства добиени наменски од буџетот во текот на попладневните часови изврши плаќање на потребните количини гас кај добавувачот на АД Скопје Север, МАКПЕТРОЛ ПРОМ-ГАС, по што природниот гас ќе биде најбрзо испорачан до АД Скопје Север за во што пократок рок да почне повторната испорака на топлинска енергија.

Договорот е потпишан и од АД Скопје Север и од сопственикот АД Топлификација во стечај, и дадени се гаранции за средствата кои ќе бидат вложени од страна на АД ЕСМ во текот на оваа грејна сезона. Исто така, АД ЕСМ преку свој прокурист и врзан потпис ќе го контролира работењето и исплатите од акционерското друштво корисник на средствата“, информираа од ЕСМ.

АД ЕСМ повеќе пати нагласи дека Договорот за деловно-техничка соработка е едниствениот начин да се спречи прекинување на испораката на топлина кај корисниците во двете општини во Скопје.

Би можело да ве интересира

АД ЕСМ: Грејната сезона продолжува поради временските услови

Грејната сезона завршува, доколку има потреба ќе биде вклучен системот за топлинска енергија

ЕСМ: Греењето во Скопје е исто за сите потрошувачи

Скопјани од ноември ќе плаќаат за 4,51 отсто поскапо парно

Орце Костов

Парното поскапува, Регулаторна денеска ќе објави колку

Од ноември ќе важи нова одлука за цената на парното во Скопје

Орце Костов