Постигнат компромис околу Северен тек 2 со Европскиот парламент и со комисијата

Од:

Државите членки на ЕУ се усогласија околу компромисот со Европскиот парламент и Европската комисија во врска со регулирањето на гасоводот „Северeн тек 2“ меѓу Русија и Германија, соопштија денеска извори од германска делегација.

Операторот на гасоводот може да очекува дополнителна регулатива, но, проектот предводен од рускиот државен концерн „Газпром“, не е загрозен.

Русија минатата недела предупреди на нови препреки при изградба на гасоводот, откако Берлин постигна договор со Франција и другите членки на ЕУ околу построгите правила.

„Северен тек 2“, кој минува под Балтичкото Море, има за цел да транспортира 55 милијарди кубни метри руски гас од Германија секоја година.

Критичарите тврдат дека гасоводот ја зголемува европската зависност од Русија. Неговите заговорници ја нагласуваат потребата за сигурно снабдување со енергенти, додека производството на гас е во опаѓање во ЕУ.

Врз основа на компромис, директивата ЕУ би била изменета, за да се овозможи ЕК да има поголем надзор врз гасоводот, вклучувајќи го и германско-рускиот проект.

Изградбата на најголемиот дел на „Северен тек 2“ е завршена. Гасоводот би требало да биде пуштен во употреба до крајот на годината.

Би можело да ве интересира

Бектеши: Гасоводот Скопје-Тетово-Гостивар еден од најдобрите реализирани проекти оваа година

Ана Ололовска

Борисов и Ципрас ќе го означат почетокот на изградбата на интерконекторот за гас меѓу Грција и Бугарија

Ана Ололовска

Северен тек се заканува со тужба за Европската Комисија

ЕУ усвои измени на Директивата за природен гас

Ана Ололовска

Источниот Медитеран како нов извор на природен гас

Ана Ололовска

Парламентот на ЕУ ги проширува правилата за гасовод за странски проекти

Предраг Петровиќ