Поскапува струјата

Од:

Струјата поскапува за 3,5% од 1. јули. Регулаторната комисија за енергетика ги финиширала пресметките за корекција на цената, при што енергетските компании прикажале зголемени трошоци, jавува порталот Фактор.

Регулаторот дополнително барал објаснување и од ЕЛЕМ и од МЕПСО и од ЕВН Македонија за прикажаните трошоци по што пресметал дека крајната цена за домаќинствата треба да биде повисока за 3,5%.

Зголемувањето е утврдено согласно пресметките на енергетските компании кои минатиот месец ги доставија трошоците до Регулаторна комисија за енергетика.

Според најновите правила, цената на струјата се утврдува еднаш во годината и важи од 1 јули. Регулаторот сега ја дефинира цената само за домаќинствата, но од 1 јануари 2015 година се очекува со целосното отворање на пазарот цената да се формира слободно.

Поскапува струјата?

Од:

Eнергетските компании ЕВН и ЕЛЕМ, пред неколку дена до Регулаторна Комисија ги доставиле трошоците, и можно е да побараат поскапување на струјата до 20 проценти, колку ќе поскапи струјата ќе се знае дефинитивно утре по седницата на Регулаторите.

Причина за повисоки сметки за струја бил оправдан поради скапиот увоз на струја минатата зима, кога позаради големата побарувачка во ЕУ, цената на струјата драстично се зголеми. Регулаторите утре ќе одлучуваат и за цената на топлинската енергија, за која се очекува поскапување на парното греење да биде за околу 3 проценти.

Би можело да ве интересира

Универзалниот снабдувач избран без да се овозможи конкуренција, граѓаните ќе плаќаат милиони евра повеќе за струја

А1он

За универзален снабдувач прифатена понудата на ЕВН Македонија електроснабдување ДООЕЛ Скопје и ЕВН Македонија АД Скопје

Зошто се тактизира со извештајот за избор на универзален снабдувач?

Орце Костов

ЕВН ќе ги снабдува граѓаните со струја и во следните пет години

Орце Костов

ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто

Зошто се одложува изборот на нов универзален снабдувач на струја за домаќинствата?

А1он