Поранешниот извршен директор на Гугл основа Академија за дигитални услуги на САД

Од:

Поранешниот извршен директор на Гугл, Ерик Шмит, се здружува со поранешниот заменик министер за одбрана на САД, Роберт Ворк, заради формирање технолошки универзитет наречен Академија за дигитални услуги на САД, што би бил конкуренција со МИТ и Стенфорд.

Тој универзитет ќе се фокусира на едукација на млади програмери и девелопери за да можат да работат во американската администрација. Нивната понуда ќе вклучува и курсеви за дигитални вештини како што се компјутерска безбедност и вештачка интелигенција.

Новата академија има поддршка од Националната безбедносна комисија за вештачко разузнавање, агенција што ја покрена Конгресот во 2018 година, со цел САД да се израмнат со Кина во таа област.

Академијата за дигитални услуги би служела како трет извор (освен МИТ и Стенфорд) на најдобрите технолошки работници.

Шмит беше директор на Гугл од 2001 до 2011 година и ја напушти позицијата технички советник во компанијата во февруари. Мандатот на заменикот министер за одбрана Ворк заврши во 2017 година.

Би можело да ве интересира

Гугл потпиша договор за надомест на францускиот печат

Ана Ололовска

Гугл ја блокираше апликацијата „Парлер“

Ана Ололовска

Тужба од 38 американски држави против „Гугл“

Ана Ололовска

Франција ги казни Гугл и Амазон поради „колачиња“

Ана Ололовска

Гугл инвестира милијарда долари во зделки со медиумски партнери

Ана Ололовска

Гугл и Твитер против ширењето дезинформации за изборите во САД

Ана Ололовска