Поради внатрешни кавги, БиХ останува без 165 милиони евра помош од ММФ

Од:

Босна и Херцеговина месецов нема да добие 165 милиони евра итна помош од Меѓународниот моментарен фонд (ММФ) бидејќи во таа земја не можат да се договорат како ќе се поделат парите, потврди шефот на канцеларијата на ММФ во Сараево Ендрју Џуел.

– Властите и натаму не можат да се договорат како ќе ги поделат парите. Ние им рековме дека без договор не може да следува одобрување на средствата, изјави Џуел.

Според него, синоќа изминал последниот рок до кога властите во БиХ морале да се усогласат за парите, со цел извршниот одбор на ММФ, на седницата закажана за 14 април, да може да донесе и официјална одлука за доделување на средствата. парите требаше да послужат како помош во борбата против последиците од пандемијата на коронавирусот.

Проблемот настана поради неможноста да се постигне договор во ФедерацијатаБиХ за тоа дали и на кој начин треба да бидат вклучени кантоните во овој аранжман.

ММФ прв помуди конкретна поддршка преку своите инструменти за брзо финансирање, со проценка дека вкупниот износ на таа помош би можел да биде најмалку 165 милиони евра, но таа би можела да биде и двојно поголема, односно да изнесува 330 милиони евра, доколку извршниот одбор оцени дека се исполнети потребните критериуми.

Би можело да ве интересира

Средби со Светска банка: Светска банка со поддршка на реформските активности на Народната банка за пристапување кон СЕПА

Во БиХ е пронајдено девојче од Германија, жртва на трговија со луѓе

Земјотрес во БиХ, епицентарот во околината на Мостар: „Добро се стресе!“

Извлечени тела на жена и дете од коритото на Миљацка во Сараево

Горан Наумовски

Брисел и даде „зелено светло“ на БиХ за отворање на преговорите за пристапување во ЕУ

Горан Наумовски

По Црна Гора, земјотресот ја погоди и Босна и Херцеговина