Пониски цените на производителите на индустриски производи

Од:

Продажните цени на производителите на индустриски производи, во април годинава се пониски за 0,1 отсто на месечно, а 0,3 отсто на годишно ниво, објави Државниот завод за статистика.

dobivaj vesti na viber

Соред објавените податоци, во април во споредба со март 2020 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, се пониски во секторот рударство и вадење камен за 10,2 отсто, а се повисоки во секторот преработувачка индустрија за 0,5 отсто и во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 3,5 отсто.

Во април 2020, во споредба со април лани, продажните цени на производителите на индустриски производи, се пониски во секторот рударство и вадење камен за 19,9 отсто и во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 5,4 отсто, а во секторот преработувачка индустрија се повисоки за 1,7 отсто.

Објавените податоци покажуваат дека продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари се пониски 0,7 отсто на месечно ниво, а за 0,9 отсто на годишно ниво.

Во април 2020, во споредба со март 2020 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари се пониски во секторот рударство и вадење камен за 14,7 отсто, а во секторот преработувачка индустрија се повисоки за 0,4 отсто.

Во април 2020, во споредба со април 2019 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари се пониски во секторот Рударство и вадење камен за 29,6 отсто, а во секторот преработувачка индустрија се повисоки за 1,9 отсто.

Би можело да ве интересира

Раст од 4,7 проценти на индустриското производство во ноември годинава

Ана Ололовска

Белата куќа ќе мора да реагира на недостигот од чипови за американската индустрија

А1он

Намален бројот на работници во индустријата

А1он

Зголемен прометот во индустријата

А1он

Во јуни раст од 9,5 проценти на индустриското производство на годишно ниво

Ана Ололовска

Во мај раст на вкупниот промет во индустријата од 58 отсто на годишно и 1,9 проценти на месечно ниво

Ана Ололовска